Моето Brainster искуство – Јулијана Смилеска

Запознајте ја Јулијана Смилеска – студент на нашата Академија за Project & Product менаџмент која се реши да ги надгради своите знаења и вештини и да научи повеќе за менаџментот на проекти и продукти.

 

Студент: Јулијана Смилеска

Академија: Академија за Project & Product менаџмент

Професија: Офицер во Армија на Република Северна Македонија

Од првиот час на Академијата паметам: Дека бев премногу возбудена и ентузијастички настроена за новиот почеток кој следува. Ни беше опширно опишано тоа: што ќе опфати целата Академија; што претставува менаџирањето со проекти и продукти; што е проектен, а што продукт менаџер; како ќе тече целиот процес итн.

Се решив да го искористам летото продуктивно и да научам: Нова вештина која ќе ми помогне во иднина да можам подобро да решавам проблеми од областа, како и да се стекнам со знаење за начинот на кој се прави истото. Воедно, да го збогатам кругот на колеги со слични аспирации.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Претставува предизвик на денешницава, со многубројните проекти и продукти кои нѐ опкружуваат насекаде.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Да можам подлабоко и посуштински да навлезам во материјата.

После предавањата секогаш: Ги повторувам новостекнатите знаења и правам евалуација на она низ што сме поминале. А, исто така, ги чекам и следните предавања.

Пред да се запишам, најмногу ме „плашеше“: Начинот на функционирање со другите личности кои се од различни бранши.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Разбирање, трпение и многу напорна работа.

Оваа област за мене значи: Место каде што може многу да се напредува, да се учи и да се влијае за општото добро, на најразлични начини.

Во слободно време: Сакам да трчам, да правам долги прошетки во природа, но и секаква спортска активност. Исто така, да читам книги, да гледам документарци и филмови и да готвам.

Сакам да читам: Стручна литература од мојата област. Литература која се однесува на стратегија, безбедност, менаџмент итн. И секако, нешто од релаксирачка природа како роман.

Сакам да гледам: Документарци, акции и драми.

Омилен цитат: “Don’t let culture eat your strategy for breakfast!“

 

Поради рекорден интерес, ја продолжуваме Early Bird понудата за упис до 10 септември!

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

 

Trending Stories That Might Interest You