Моето Brainster искуство – Антонијо Стојановски

Запознајте го Антонијо Стојановски – студент на Академијата за Човечки Ресурси кој има голема желба и амбиција да ги надгради своите вештини во областа на менаџментот на човечки ресурси.
Студент: Антонијо Стојановски
Академија: Академија за Човечки Ресурси
Професија: Оператор во производство
Од првиот час на Академијата паметам: Запознавање со колегите, со условите на Академијата, споделување на нивните искуства, и запознавање со тоа како вработените во HR светот влијаат за придонесување на благосостојбата во компаниите.
Се решив да го искористам летото продуктивно и да научам: Нови вештини во областа на менаџментот на човечки ресурси.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Многу го сакам менаџментот на човечки ресурси како професија. Исто така, сакав да го научам функционирањето и деловите на самата професија.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Искрено, со нетрпение ги чекам сите следни модули за да научам нови работи.
После предавањата секогаш: Заедно со колегите дискутираме на темите, се спремаме за домашните задачи и вежбите.
Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Дали ќе успеам да ги усовршам вештините потребни за да станам HR професионалец. Голема благодарност до инструкторскиот тим што постојано ми даваа насоки.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Пред сѐ, како иден менаџер на човечки ресурси, очекувам да помагам вработените да ја задржат својата мотивација, да се зголеми задоволството кое призлегува од работното место, како и да учествувам во креирање на одлични услови за работа во рамките на организацијата.
Оваа област за мене значи: Хумана. Бидејќи во фокус се вработените. Нивното задоволство, нивната среќа. А, воедно и стекнување на нов круг на пријатели и колеги.
Во слободно време: Сакам дружби со моето семејство и пријателите.
Сакам да читам: Книги од областа на психологијата и социологијата.
Сакам да гледам: Секаков вид на филмови, но би го издвоил предновогодишниот период со класичните Божиќни филмови.
Омилен цитат: „Секогаш следете ги соништата, вложувајте напори за нивна реализација, а со тоа ќе постигнете огромни успеси“.
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!