Нашата компаниска култура се базира на емпатија и флексибилност

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Анја Марија Макеска – академски координатор и професор на Brainster Next College. 

Анја ни објасни дека нешто се сменило во начинот на работењето, откако станала мајка. Пред сѐ, научила подобро да си го организира времето за да стигне да си игра со ќеркичката Ирис, да биде попродуктивна на работа и постојано да ги наградува вештините.

 

Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster и помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво Анја, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Нешто што се смени во работењето откако станав мајка. Сега сум многу поемпатична што е од голема важност бидејќи работиме со студенти. Исто така, мајчинството направи да си го ценам и организирам времето. Попродуктивна за време на работа, посветена за игрите со Ирис – мојата ќерка, како и поквалитетно време за постојано учење и надградување на вештините. Мислам дека е важно да работиш многу, но исто така, важно е да поминуваш време со твоите деца и да уживаш во играта. 

Како што е веќе познато, во Бреинстер се најважни студентите. Истото важи и за Бреинстер Некст Колеџот кој е прв и единствен применет ИТ колеџ во Македонија. Посветени сме на студентите кои се запишуваат за да студираат и ги подготвуваме на она што ги очекува по нивното завршување.

Постојано ја прилагодуваме програмата спрема постојаните промени во ИТ индустријата, користејќи техники на учење и предавање кои ќе ги мотивираат студентите навистина да научат и да го применат своето знаење.

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на академски координатор?

За среќа, имам многу поддршка од семејството. Работам активно на тековни обврски 20 часа во неделата, а останатите 20 часа ми се посветени за Deep Work и учење. На почетокот се трудев да работам и учам кога Ирис спиеше или да станувам многу порано, но тоа не е одржливо на долг рок. Сега имаме поделени обврски со партнерот и тоа ми помага многу за да го балансирам приватниот и професионалниот живот. Утрата ги поминувам со доручек и гушкање со Ирис, потоа следи работата, прошетките после работно време и за крај, вечера и играње пред спиење.

 

 

Со кои предизвици се соочуваш како професионалец, а воедно и родител кој работи?

Општеството денес очекува од мајките да работат како да немаат деца, а да ги одгледуваат децата како да не работат. Поради тоа кај нас се создава постојано чувство на вина. Грижа на совест кога не работиш и грижа на совест ако работиш. Се чувствуваш како да ти поминува времето брзо за остварување на кариерните аспирации, а децата ти растат пребрзо. 

 

За крај, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на работата и фамилијата? И што би ни кажала за начинот на кој ти дава поддршка?

Во моментов работам како академски координатор, а истовремено сум посветена и на моите Executive MBA студии. Можам да кажам дека двете средини нудат многу различна поддршка и помош за родителите кои сакаат да ги надградат своите знаења и вештини. 

За разлика од моето работно место, универзитетската средина нема флексибилност и не нуди поддршка или било какво олеснување од аспект на време за мајките и за родителите. Сето тоа го прави студирањето скоро невозможно, па и затоа гледаме како луѓето го пролонгираат родителството или образованието, бидејќи се принудени да изберат едно. Тоа е една од многуте работи кои мораат да се сменат во образованието денес, и заради кои постоиме ние како организација.

За Бреинстер, би кажала еден збор: емпатија. Нашата компаниска култура се базира, пред сѐ на емпатија. Емпатијата како вредност ни помага да ги разбереме студентите, но и колегите. Кога си родител треба да се ослободиш од вината и да не се чувствуваш како да си ги изневерил некогаш децата или колегите. 

Културата и условите во Бреинстер многу придонесуваат кон ослободување од тоа чувство. Разбирањето од страна на колегите многу ми помага при извршување на моите работни обврски, а исто така и флексибилноста во однос на балансирање на приватен и професионален живот.

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.