Запознајте ја Мишела Атанасовска – алумни студент на Академијата за UX/UI дизајн која реши да ги надгради своите дизајнерски вештини во областа на UX/UI дизајнот.

Нејзината посветеност и амбиција резултираа со работно место во компанијата Viberate на позиција UX/UI дизајнер.

 

Си поразговаравме со Мишела за нејзиното кариерно патување

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво на сите. Јас сум Мишела – јапонолог, дизајнер, уметник и полиглот. Во слободно време обожавам да креирам и да учам нови јазици – моментално корејски!

 

Зошто баш UX/UI дизајн?

Цртам од многу мала, а интерес за дизајн ми се појави кон крајот на основното училиште кога во Word почнав да редизајнирам списанија за деца и тинејџери. Во средно училиште почнав да се интересирам и за веб дизајн и кодирање. Со тек на времето забележав дека ме интересира психологија и дека сум многу аналитична личност. Па така, UI/UX беше логичниот чекор. Ме интересира уметноста и креирањето на нешто визуелно и естетско, но ме интересира и механизмот во позадина и како нештата функционираат. 

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Да, ги исполни. Јас се занимавам со дизајн веќе некое време, но секогаш ставав акцент на визуелниот дизајн. Академијата ми помогна да научам повеќе за UX делот, за истражувањата и да размислувам повеќе од гледна точка на корисникот и бизнисот. 

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Најголемиот предизвик беше работата во тим. Со повеќето од колегите како млади дизајнери сме фокусирани на визуелниот дел и она што нам лично ни се допаѓа, а вкусовите се многу различни. Требаше како тим да го надминеме тоа и да создадеме функционални и корисни решенија, но егото доста пати стапуваше на прв план. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Сите модули ми беа интересни, но најмногу научив на модулите Research, Storytelling и UX in the Real World. Бидејќи, како што реков, веќе некое време дизајнирам и сум запознаена со алатките и теоретскиот дел – типографија, ликовна теорија итн. – овие 3 модули ми помогнаа да научам да размислувам повеќе како UX дизајнер – да се поставам во чевлите на бизнисот и клиентот, да го земам предвид времето и буџетот и слично – а не само како визуелен дизајнер. 

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како UI/UX дизајнер во компанијата Viberate. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Самото барање на работа си е на некој начин UX процес – тестирање и итерации. Многу trial and error, поправки и прилагодувања на портфолиото и CVто за да стигнам до „префектното“ портфолио, иако перфектно портфолио не постои. Со конкретнава работа многу ми помогнаа мотивациското писмо и business mindset-от кој го стекнав на модулите на Златан – Storytelling и UX in the Real World. 

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користела?

На почетокот добивав полесни задачи, како на пример, да го направам UI дизајнот врз основа на wireframes подготвени од продукт менаџерот, но сега имам попредизвикувачки задачи каде што треба да истражам и да размислам како да подобриме некоја функционалност на платформата. Исто така, имам чисто UX задачи како што се да истражам определен user flow, trial регистрација на платформа со или без кредитна картичка и како едното или другото влијаат на целото корисничко искуство. Алатките кои ги користам секојдневно се Sketch, InVision, Jira и Trello. И секако лист хартија и молив – најмногу! 

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?

Едно од моите животни начела е учење преку trial and error. Јас би им препорачала да пробаат и видат дали им се допаѓа, бидејќи е тешко да судиш или имаш мислење за нешто што не го познаваш доволно. А исто така, професијата UI/UX дизајнер е толку разнообразна, што дефинитивно ќе се најде нешто за секого. 



Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек!

Extended Early Bird понудата на Академијата за UX/UI дизајн важи за упис до 31 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.