Запознајте ја Данче Велева – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг, а воедно и Dream Team студент која покажа одлични перформанси за време на предавањата.

Нејзината амбиција и силната волја секојдневно да работи на својот личен и професионален развој, резултираа со унапредување како маркетинг директор во компанијата Gama Global во Србија.

 

Во продолжение, прочитајте повеќе за нејзиното кариерно патување

 

Здраво, Данче! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и унапредувањето на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво! За себе би споделила дека сум индивидуа со голема желба за константен развој на себеси. Исто така, би додала, натпреварувачки дух на професионален и спортски план. Темата маркетинг: однесувањето на потрошувачите и психологијата, е она што ме привлече во овој сектор.

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Нешто што ми се допаѓа кај маркетингот е неговата обемност и можноста за конекција со другите науки. Психологијата, како и однесувањето на потрошувачите – се без двоумење причините зошто јас навлегов во маркетинг светот. Меѓутоа, широкиот спектар на кариерни можности во дигиталниот маркетинг, убедливо нуди занимливости за сечиј карактер.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. 

Во рамките на времетраeњето на Академијата за дигитален маркетинг, секој студент има можност да работи на реални проекти, да учествува на Хакатони и да има избор за работа во тимови, но и во индивидуални проекти. 

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Најголемиот предизвик ми беше wordpress бидејќи не сум дизајнерски тип. Меѓутоа, поддршката, а уште поважно – достапноста и конкретниот фидбек од инструкторите, придонесе да се заангажирам и да ја совладам темата.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Не би можела да издвојам најинтересен модул, но можам да кажам дека social media marketing – не ме влече. Но, најинтересно, а воедно и клучно нешто за секоја современа Академија е автоматизација на процесите кои се дел од структурата и организацијата на Brainster.

 

Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување!

Пред Академијата за дигитален маркетинг, работев како Senior Marketer, а потоа ја продолжив мојата кариера како маркетинг директор во Gama Global – Србија. Веќе неколку години претходно работев во областа на маркетингот, па Академијата во комбинација со претходното искуство, придонесоа да бидам на оваа позиција денес.

 

Што се очекува од тебе на работното место? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Како маркетинг директор, фокусот ми е повеќе на маркетинг стратегии, организација, координација на маркетинг тимови и идеи, отколку што имам секојдневни маркетинг задачи. Меѓутоа, секогаш е потребно да се држи чекор со маркетинг новостите, иако можеби некои директно не се поврзани со одредена позиција.

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Мојата препорака до сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена кон дигиталниот маркетинг, би била: разгледајте го маркетингот во целост, одберете сфера во која најдобро се пронаоѓате и одберете Академија со интерактивно учење, можност за работа на реални проекти и можност за напред. Каде организацијата и учењето не се одвиваат на старомоден начин.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!