Дознај што сѐ ќе направиш за 6 месеци учејќи дигитален маркетинг во Brainster.

Појавата на дигиталните алатки ги промени застарените процеси во маркетингот и рекламирањето. Денес, дигиталниот маркетинг е услов за идентификување, привлекување и задржување на клиентите во дигиталниот свет.

Совладувањето на потребните вештини за дигитален маркетинг е процес на континуирано учење за кој е потребна голема посветеност и вложен максимален труд. 

Во оваа блог објава ќе се обидеме да ти доловиме што е возможно да изработиш за 6 месеци доколку почнеш да учиш дигитален маркетинг денес. 

Ова се неколку реални проекти за реални клиенти изработени од страна нашите студенти на Академијата за дигитален маркетинг.

 

Во продолжение, дознај што можеш да постигнеш за 6 месеци, ако почнеш да учиш дигитален маркетинг денес

 

 

  • Проект: PR стратегија за Донирај Компјутер

Последниот предизвик со којшто се соочија студентите од Академијата за дигитален маркетинг беше изработката на реален проект за реален клиент, а со тоа и примената на новостекнатите знаења и вештини во пракса. Нивната задача беше да изработат целосна PR стратегија за Донирај компјутер и да ги презентираат своите финални решенија пред клиентот. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Маркетинг стратегија за Common.mk

Во оваа блог објава, ќе го запознаете Петар Прнарков – студент на Академијата за дигитален маркетинг чија маркетинг стратегија го зема победничкото место по презентацијата пред клиентот. Common.mk e платформа која ќе ви овозможи онлајн резервации, попусти и промоции на вашите омилени секојдневни услуги, информации повразни со ентитетите и нивните услуги и уште многу други поволности кои ќе бидат предмет на интерес за вас, клиентите. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Social Media & Brand Strategy за фестивалот When in Krusevo

Последната Cross-Academy соработка ги сплоти знаењата и вештините на студентите од Академијата за графички дизајн и Академијата за дигитален маркетинг. Студентите имаа задача да изработат реален проект – Social Media & Brand стратегија за реалниот клиент When in Krusevo. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: B2B решение за Шу-Ми Берово

Последниот предизвик на Академијата за дигитален маркетинг беше заокружување на знаењето и комплетирање на програмата преку изработка на завршните проекти. Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент Шу Ми Берово, првото место и најдобра B2B стратегија ѝ припадна на Кристина Мишевска-Петрушевска. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Social Media & Brand Strategy Хакатон за BAK 2021

Jа организиравме и оваа Cross-Academy соработка, која ги сплоти силите и вештините на студентите од Академијата за дигитален маркетинг, Академијата за графички дизајн и Академијата за UX/UI дизајн. Реалниот проект на којшто се работеше беше за клиентот BAK 2021, а студентите имаа задача да направат дигитална маркетинг стратегија, лого и брендинг како и нова веб платформа. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Бренд стратегија за Винарија Виника

Со цел да се подобри искуството на студентите, тие имаа задача да работат на реален проект за реален клиент и да направат бренд стратегија за Винарија Виника и да го покажат целокупното знаење стекнато од предавањата. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Маркетинг стратегија за музички проект на Дани Димитровска

Со цел да го подобриме искуството на нашите студенти – дигитални маркетери, организиравме 48 часовен хакатон на Академијата за дигитален маркетинг, каде тие имаа можност да ги искористат своите знаења и вештини. Нивната задача беше да работат на реален проект за реален клиент и да направат целосна маркетинг стратегија за последниот музички проект на нашата музичка ѕвезда – Дани Димитровска. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Маркетинг стратегија за Daisy Family Rescue

Студентите имаа можност да работат на реален проект за реален клиент и да го заокружат своето маркетинг патување. Задачата којашто требаше да ја изработат беше целосна Digital Marketing стратегија за Daisy Family Rescue. Дознај повеќе!

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!