Привилегија е да можеш да направиш промена во образованието

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе го запознаете Александар Клашниновски, CEO на Brainster Next College и Chief People Officer на Brainster.
Александар има 15 годишно работно искуство кое опфаќа искуство во јавниот сектор и интернационално искуство на пазарите на Дубаи, Абу Даби и Саудиска Арабија. Се приклучува на Brainster за да го води процесот на формирање на Brainster Next College, а истовремено помага во стратешко поставување на делот на човечките ресурси во Brainster.
Дознајте што тој имаше да ни сподели околу тоа како му поминува работниот ден, што го прави исполнет и што го мотивира, но и како Brainster му помага да се оствари на сите полиња.
Здраво Александар, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Како Chief Executive Officer на првиот практичен ИТ колеџ во Македонија, морам да признаам дека мојата работна позиција опфаќа повеќе одговорности од различен тип, дел од нив многу интересни, а дел од нив кои носат големи предизвици. Како дел од формалното образование, огромен дел од моето време го посветувам на регулаторни работи кои мора да бидат исполнети согласно законските барања и насоките на Министерството за образование, Одборот за акредитација и Агенцијата за квалитет на високото образование.
Покрај ова, огромен фокус на мојата работа е и академскиот аспект на Brainster Next College, односно поставување на предметите, професорите и практичните learning outcomes со цел постигнување на врвно искуство на студентите за време на студирањето и стекнување со практични знаења кои ќе им овозможат да пронајдат вработување или да стартуваат компанија уште за време на студирањето. Маркетинг делот е уште една работа која е дел од моите приоритети односно брендирањето на Brainster Next College-от, промоцијата и привлекувањето на најдобрите средношколци кои се заинтересирани за ИТ за да станат наши студенти.
Како изгледа еден типичен ден во животот на CEO?
Многу ми е тешко да дадам дефинитивен одговор на ова прашање имајќи во предвид дека Brainster Next College-от е всушност стартап во моментот. Тоа значи дека, еден ден може да се разликува целосно од наредниот ден. Тоа што морам да признаам е дека ретко го почнувам денот пред 09:30 и истиот зависи од тоа дали и какви состаноци, средби и гостувања имам во текот на денот. Се обидувам истите да ги држам на минимум имајќи предвид дека е познат фактот што состаноците се најголем потрошувач на време на професионалците коишто се на менаџерски позиции меѓутоа во огромен дел, состаноците се неизбежни.
Нормално, координацијата и одговарањето на меиловите е дел од моето секојдневие, а секогаш гледам да издвојам и време за deep work, всушност овие периоди на deep work е тогаш кога магијата се случува. За време на овие периоди, се фокусирам на стратешките работи согласно моите 6-месечни цели и нормално целите на колеџот и овие периоди се всушност оние 20% од времето кое ги носи 80% од резултатите.
Кој е Александар во приватниот живот и како го поминува своето слободно време?
Александар и приватно и професионално е генерално истиот човек. Отсекогаш ми било правило дека автентичноста не може да биде една во приватниот живот, друга во професионалниот живот, иако нормално е да има граници каде што овие работи мора да се држат разделени.
Генерално сум многу социјален човек, така што најголемо хоби и приоритет ми се врските и дружењето со моите пријатели и фамилијата, уживам во добри кафеани и барови. Оттука произлегува и втората моја пасија, односно патувањето што ми овозможува да запознавам нови луѓе и искуства кои ме надградуваат како човек. Третата пасија ми е читањето – најмногу ме интересира бизнис, макроекономија, спорт (Реал Мадрид!) и политика/геополитика со тоа што читам доста книги, како и меѓународни медиуми и публикации од типот на Bloomberg, The Economist, CNBC, Harvard Business Review, Marca итн.
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Мислам дека Brainster е првата компанија во моето 15 годишно работно искуство која ми овозможува целосно балансирање на приватниот и професионалниот живот. Флексибилното работно време (спомнав погоре дека не сум баш morning person), можноста за remote работење, непостоењето на строг dress code (се водиме од common sense во овој дел), неограничениот број на денови за одмор, се дел од најважните работни бенефиции за мене лично.
Многу поважно е што овие бенефиции не се само на хартија, туку се и дел од културата на Brainster. Што мислам со ова – Brainster не е единствената компанија која ги нуди овие работи, меѓутоа во голем дел од компаниите овие работи се нудат, а ако се искористат влијаат негативно на вработениот бидејќи не се вклопуваат во културата на компанијата, па најчесто се користат како „гол“ маркетинг. Во Brainster, во оваа година и пол откога сум во компанијата, никогаш не сум чул ниту директна, ниту passive-aggressive забелешка према кој бил вработен дека не се појавува во канцеларија, дека не бил онлајн во 8 сабајле, дека многу време бил на одмор. Напротив, во Brainster зборуваме само за резултатите и нашите цели, и тоа е она што се рачуна на крајот на денот.
За крај, што би ни кажал за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
Покрај можноста за балансирање на приватниот и професионалниот живот за кој зборував погоре, многу ми е важно што Brainster и како култура, но и како луѓе цело време ме насочува да сум вон мојата комфорна зона. Цело време да учам нешто ново и цело време да постигнуваме подобри и поголеми резултати.
Најбитно од сѐ е што пронајдов култура и луѓе кои се совршен културолошки фит на моите вредности. Многу сум среќен што како компанија една од вредностите ни е “Taking the High Road” односно дека ги правиме правилните работи и по цена на жртвување на краткорочниот профит и тоа е реткост во денешниот професионален свет. Нормално, дека како и секоја фирма, целосно сме фокусирани на креирање на профит, меѓутоа профитот го гледаме како бензин, а не како цел на бизнисот (никој не купува кола со цел да става бензин во неа).
Целта на нашата организација, без разлика дали се работи за Brainster или Brainster Next College е да направиме разлика во животите на нашите студенти овозможувајќи им врвно практично образование кое ќе им овозможи влез во дигиталните кариери од иднината и ќе им овозможи одлични плати, работни услови и future-proof кариера. Нема поголема награда за кој било од нас, од успешните приказни на нашите студенти и чест и привилегија е да се биде дел од организација која вистински прави разлика во нашето општество.
На крај, би напоменал дека како и секоја организација и ние имаме наши предизвици и проблеми, никогаш не би сакал да идеализирам бидејќи не постои ништо идеално на овој свет. Меѓутоа тоа што нѐ прави тоа што сме е дека ги признаваме и ги погледнуваме тие проблеми во очи и преку една од другите наши вредности “continuous improvement” се трудиме секогаш да се фатиме во костец со нив и да ги решиме.
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.