Дознај што сѐ ќе направиш за 6 месеци учејќи software testing во Brainster.

Тестирањето на софтверот е процес на оценување и потврдување дали софтверскиот производ или апликација го прави она што е потребно да го направи.

Совладувањето на потребните вештини за software testing е процес на континуирано учење за кој е потребна голема посветеност и вложен максимален труд. 

Во оваа блог објава ќе се обидеме да ти доловиме што е возможно да изработиш за 6 месеци доколку почнеш да учиш software testing денес. 

Ова се неколку реални проекти за реални клиенти изработени од страна нашите студенти на Академијата за Software Testing.

 

Во продолжение, дознај што можеш да постигнеш за 6 месеци, ако почнеш да учиш Software Testing денес

 

 

  • Проект: Brainsterpreneurs

Проектот којшто се работеше на овој Хакатон е BRAINSTERPRENEURS – интерна платформа за соработка помеѓу студентите на Академиите и поттикнување на претприемачкиот дух помеѓу нив. Студентите од Академијата за Full-Stack ги изработија индивидуално своите проекти, согласно барањата на соодветната академија и ги доставија до студентите од Академијата за Software Testing, подготвени за тестирање. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: BrainsterLabs

На овој Хакатон учествуваа вкупно 30 учесници кои беа поделени во 15 парови. Паровите беа мешовито составени од две различни групи на Академијата за Software Testing. Проектот којшто се работеше на овој Хакатон е BRAINSTERLABS – веб платформа на која ќе бидат поставени сите изработени проекти од студентите од Академијата за Full-Stack програмирање, Академијата за Front-End програмирање, Академијата за дигитален маркетинг и Академијата за графички дизајн. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Periodic Table of Elements

Проектот на којшто работеа студентите од Академијата за Software Testing на својот прв хакатон е „Periodic Table of Elements“, односно интерактивна веб-базирана табела со информации за елементите од периодниот систем, за која студентите требаше да изготват целосни bug репорти. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Pandemic Disease Tracker

Проектот на којшто студентите работеа е „Pandemic disease tracker“.  Овој продукт претставува веб решение за преглед на дневна, месечна и тримесечна статистика на глобално ниво, изработено за COVID-19 пандемијата од страна на студентите на Академијата за програмирање, а тестирано од страна на студентите на Академијата за Software Testing како завршен проект. Дознај повеќе!



Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! 

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!