Дознај што сѐ ќе направиш за 8 месеци учејќи UX/UI дизајн во Brainster.

Дали имаш забележано колку од работите околу нас се внимателно испланирани и интуитивни за употреба? Живееме во свет на кориснички искуства, како во аналогниот, така и во дигиталниот свет.

Совладувањето на потребните вештини за UX/UI дизајн е процес на континуирано учење за кој е потребна голема посветеност и вложен максимален труд. 

Во оваа блог објава ќе се обидеме да ти доловиме што е возможно да изработиш за 8 месеци доколку почнеш да учиш UX/UI дизајн денес. 

Ова се неколку реални проекти за реални клиенти изработени од страна нашите студенти на Академијата за UX/UI дизајн.

 

Во продолжение, дознај што можеш да постигнеш за 8 месеци, ако почнеш да учиш UX/UI дизајн денес

 

 

  • Креативно UX/UI решение за Tasty Box

Како дел од програмата на Академијата за UX/UI дизајн е постојано работење на реални проекти за реални клиенти, преку кои студентите ги стекнуваат потребните вештини за почеток на нивната кариера во UX/UI светот. Најновиот предизвик со кој тие се соочија беше изработка на целосен UX/UI дизајн за новата веб страница на Tasty Box. Дознај повеќе!

 

 

  • Победничко решение од Хакатонот за BAK 2021

Brainster Академиите постојано соработуваат со партнерите за ко-иновации, а студентите преку работа на реални проекти за реални клиенти ги совладуваат најбараните дигитални вештини. Реалниот проект на којшто се работеше беше за клиентот BAK 2021, а студентите имаа задача да направат дигитална маркетинг стратегија, лого и брендинг како и нова веб платформа. Дознај повеќе!

 

 

  • Студентите од Академијата за UX/UI дизајн направија редизајн на веб-страницата на Шу-Ми Берово

Последниот предизвик со којшто се соочија студентите беше 48 часовниот Хакатон каде тие имаа можност да ги искористат сите стекнати знаења и вештини. Нивната задача беше да направат целосен редизајн на веб страницата на Шу-Ми Берово, кој е функционален, а воедно и интуитивен за корисниците, раскажувајќи ја приказната на брендот. Дознај повеќе!

 

 

  • Изработка на UX/UI дизајн за Универзитетско Студентско Собрание – УКИМ

Како дел од програмата на Академијата за UX/UI дизајн е предвидена работа на неколку реални проекти, а овој пат студентите имаа предизвик да работат на реален проект за Универзитетското Студентско Собрание – УКИМ на којшто покажаа извонредни резултати. Дознај повеќе!

 

 

  • Нов предизвик за студентите на Академијата за UX/UI дизајн

Студентите работеа напорно на овој проект и успешно се справија со предизвиците и роковите, а нивната задача беше да изработат website со online shop кој е лесен за одржување и апдејтирање од страна на клиентот, а возбудлив, корисен и едноставен за користење за клиентите за модниот бренд ZANOV. Дознај повеќе!

 

 

  • Веб решение и UX/UI дизајн за Специјална Олимпијада на Македонија

Бидејќи реалните проекти и Хакатоните се задолжителен дел од програмата на секоја Brainster Академија, со цел да го подобриме искуството на студентите, организиравме проект којшто претставува Cross-Academy соработка. Поконкретно, проектот започна на Академијата за UX/UI дизајн, каде што студентите беа задолжени да ја направат веб-страницата како и целосниот UX/UI дизајн за клиентот Специјална Олимпијада Македонија. Дознај повеќе!

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек!

Extended Early Bird понудата на Академијата за UX/UI дизајн важи за упис до 31 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 



Како до 1.000.000€? 🤫