Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе го запознаете Бојан Даниловски – Senior Digital Marketing Specialist во маркетинг тимот на Brainster.

Како личност која гледа низ призма со цел да изнајде решение на секој проблем знае дека тоа е карактеристика која те подготвува за многу предизвици. Но вели, за да си успешен дигитален маркетер и да имаш успешни кампањи треба да поседуваш екстензивно познавање од неколку области, а постојаното усовршување на знаењето е најважна особина за успешна кариера во дигиталниот маркетинг.



Дознајте што тој имаше да ни сподели околу тоа како му поминува работниот ден, што го прави исполнет и што го мотивира, но и како Brainster му помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво Бојан, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Јас сум дел од маркетинг тимот на Brainster и сум вклучен во речиси сите маркетинг активности, но пред сѐ, главна обврска ми е менаџирањето и оптимизирањето на платени кампањи на Facebook и Google. Главна особина на секој Performance Marketer е темелно разбирање на пазарот, однесувањето на таргет публиките и откривањето на нивните интереси. Менаџирање со огромен буџет од една страна може да се гледа како стресна професија која не нуди можност за грешки, но од друга страна тој континуиран притисок ги истакнува најдобрите карактеристики во нас.

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на Senior Digital Marketing Specialist?

Еден типичен ден како и на секој маркетер е нетипичен. Секој работен ден ми почнува со разни физички активности и нормално кафе пред да почнат да се штиклираат сите завршени таскови за денот. Секој работен ден носи непланирани активности за кои е потребно добро менаџирање.

Одржувањето на концентрацијата и фокусот се најважниот дел кога станува збор за менаџирање на буџет за рекламирање, а дневното оптимизирање на реклами, изнудува разни пресметки и анализи на податоци на дневна основа.

Еден дел кој дефинитивно го обожавам е анализата на податоци. Ако работиш маркетинг без прецизни податоци, е исто како да возиш автомобил со затворени очи. Не поминува ден без проверка на перформансот на рекламите и постојаната желба да оптимизираш што поквалитетно.



Кој е твојот извор на инспирација, со оглед на твоето искуство во маркетинг индустријата цели 10 години?

Мозокот на маркетинг професионалците нема 40 работни часа во неделата, колку и да се трудиме да го промениме овој факт. Новостите од маркетингот и огромниот број на секојдневните иновации едноставно не те оставаат на раат.

Кога професијата (маркетингот) е хоби, инспирација не е секогаш потребна, едноставно станува дел од начинот на живот. Личната инспирација да станам подобар од „вчерашниот Бојан“ се можностите кои ги нуди просторот надвор од комфорт зоната. Менаџирањето на времето и пронаоѓањето на баланс помеѓу остварување на компаниските и лични KPI’s е умешност која ми помогна да напредувам во кариерата. 

Психичкиот одмор, но и силата за идни маркетинг проекти/кампањи ја црпам во патувањата кои секогаш успеваат да ги разбудат сетилата и да направат рестарт на креативноста. Обожавам да патувам на места со добра плажа кои ми се омилени места за релаксација и бегство од тасковите. 

 

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

Дефинитивно тоа е флексибилноста. Оптимизирање на кампањи, менаџирање со буџети, водење на прецизна дата бара огромна концентрација и фокус, а работата од било кое место (проследена со одличен house сет) е нешто без кое не би си го замислил работниот ден. Миксот на хоби со квалитетна музика ми помага да направам баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.

 
За крај, што би ни кажал за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Слободата која ја чувствува секој вработен во Brainster, остава простор за носење на креативни одлуки. Компаниската слобода поткрепена со лична одговорност на секој член од тимот дава чувство на припадност. Тимскиот дух кој владее помага секој од нас да ги истакне јаките страни, но и да научи како да ги подобри слабите. Големо задоволство ми е да бидам дел од компанија која ги негува овие вредности.

 

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.