Суштината на UX/UI дизајнот е креативно решавање на проблемите на корисникот

Запознајте го Јован Јованоски – алумни студент на Академијата за UX/UI дизајн кој се реши да направи комплетна кариерна трансформација.

Веднаш по неговото завршување, започна да ја гради својата UX/UI дизајн кариера на практикантска позиција во компанијата Upped Events Inc. 

Неколку месеци подоцна, неговите труд и посветеност резултираа со работна позиција во истата компанија како Junior UX/UI дизајнер, со акцент на Product design и решавање на комплексни проблеми и сценарија.

 

Си поразговаравме со Јован за неговото кариерно патување

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво! Јас сум Јован, по душа крушевчанец, а живеам во Скопје. Имам само 33 години и долгогодишно искуство во повеќе индустрии. 

 

Зошто баш UX/UI дизајн?

Искрено, одлуката беше тешка и буквално до последен момент бев во недоумица дали UX или Front-end. Сега сфаќам дека го направив вистинскиот избор. Клучно беше истражувањето и дискусиите со поискусни дизајнери кои ми разјаснија дека во сржта на UX дизајнот лежи решавање на проблемите на корисникот. Веднаш се пронајдов во таа професија бидејќи уживам во анализирање и структурирање на пристап кон решавање на проблемот.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Поради тоа што имам долгогодишно искуство во образование, ми беше јасно дека реално е да очекувам во текот на оваа програма да научам како да учам. Односно, самата Академија да ми овозможи запознавање со најклучните концепти, процеси и алатки, но и дека морам да сум спремен за пивотирање бидејќи станува збор за „жива” материја која се менува. Во однос на ова, Академијата беше полн погодок. 

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Најголем предизвик ми беше менаџирањето со време, од проста причина што жонглирав со две работни места и редовно посетување на програмата. На крај, сепак се исплати трудот. Како најпозитивна работа би ја издвоил платформата и структурата која ја овозможува Brainster бидејќи тоа мене ми помогна во голема мера околу организација на време, задачи и слично. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Морам да признаам дека во Front-end модулот почувствував најголем ентузијазам, делумно поради фактот што одамна бев заинтересиран за таа насока, но и поради самиот инструктор кој буквално направи во текот на часовите да научам работи за кои ми требале месеци да ги совладам сам.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како Junior UX/UI дизајнер во компанијата Upped Events Inc. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Првите контакти од компании дојдоа пред завршувањето на Академијата, конкретно по објавите од Brainster дека сум избран за студент на месецот. Некаде во исто време се случи и препорака кон друга компанија. Малку беше застрашувачки да се „плива” во целиот процес на регрутирање, интервјуа, технички интервјуа и слично, за повеќе компании, но на крајот одлуката падна мојата кариера да започне како UX/UI intern во Upped Events Inc.

За таа позиција, процесот беше релативно едноставен и се состоеше од иницијален контакт/интервју, презентација на минати проекти (бидејќи во тој момент сѐ уште немав портфолио) и на крај интеврју со CEO на компанијата за официјален почеток на onboarding. 

По завршување на статусот intern, работниот однос ми беше трансформиран во целосно работно време со титулата Junior UX/UI дизајнер, но со акцент на Product design и решавање на комплексни проблеми и сценарија.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користел?

Најчесто ми се доставува сценарио и реален проблем или барање кое клиентот го има во одреден дел на нашиот софтвер, а моја задача е да најдам оптимално решение кое ќе ги задоволи сите потреби на клиентот, но имајќи го и бизнис аспектот предвид.

Околу алатките, јас стојам на ставот дека, додека не се развие некој друг софтвер, Figma е кралот на џунглата кога станува збор за UX дизајн. Не сум се сретнал со ниту еден проблем/ситуација кој не сум можел да го решам во Figma. Понекогаш дури и комуникацијата наместо преку Slack/Zoom знам да ја правам преку Figma, кога станува збор за ситни сугестии од/кон другите дизајнери.

 

И за крај, што би им препорачал/а на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?

Прво, никогаш не е доцна. Академијата ја започнав на мои 32 години, со промена на град на живеење и напуштање на долгогодишна кариера во образование. Доколку навистина сакате да промените кариера, мора да се жртвуваат 6-9 месеци.

Втора работа, а можеби и најважна е да не очекуваат дека со запишување на Академија ќе се случи чудо. Како што спомнав и погоре, ова е жива индустрија и се менува од ден на ден. Мора да вложите дополнителни напори за да сте во тек со се она што се менува од аспект на алатки, дизајн трендови и слично.

Програмата на Бреинстер ќе ви даде повеќе од доволна основа за да можете да се надградите и да запливате во бурните води на UX/UI дизајнот. Среќно!

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек!

Early Bird понудата на Академијата за UX/UI дизајн важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

 

Trending Stories That Might Interest You