Запознајте ја Симона Ѓошева – алумни студент на Академијата за UX/UI дизајн која реши да ги надгради своите вештини во полето на UX/UI дизајн и започна да работи во компанијата Rething како UX/UI дизајнер.

 

Си поразговаравме со Симона за нејзиното кариерно патување

 
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделил/а за останатите?

Здраво и од мене! Пред сѐ, благодарам за честитките. Јас сум Симона Ѓошева, пред помалку од година бев студент на Академијата за UX/UI Design во Brainster и еве ме денес како UX/UI дизајнер кој постепено ја гради својата кариера во оваа сфера. 🙂

Зошто баш UX/UI дизајн?

Отсекогаш знаев дека ќе биде дизајн, студирав индустриски, работев freelance графички, за на крај да решам дека сакам моето знаење да го надградам со UX/UI. Дизајнот го гледам како вештина која решава проблеми од различен карактер, а лично отсекогаш ми биле предизвик проблемите кои засегаат повеќебројни групи на луѓе/корисници. Знаењето кое веќе го поседував, работното искуство и интересите, некако сами ме доведоа до UX/UI дизајн и навистина сум среќна поради тоа.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Со еден збор ДА. Но, мислам дека една од клучните работи е личниот труд во текот на учењето. Програмата на Академијата која ја посетував беше одлично направена, постојано имавме можност за практично учење, дополнителни менторски средби, снимен материјал од секое предавање и слично. Но, според мене најважно е да си самоиницијативен и да знаеш да ги искористиш до максимум сите ресурси кои ти се достапни.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Дефинитивно досега Академијата ми е „образование” кое го имам учено со најголем ентузијазам. Покрај учењето, преку Академијата остварив и нови пријателства и конекции кои ми останаа до денес. Како најголем предизвик би ги издвоила хакатоните на кои работевме во тимови предодредени од координаторите. Се случуваше да треба да работиме со студенти од другите групи кои воопшто не ги ни познаваме, на проект за кој треба да дадеме решение за 48 часа, сѐ тоа беше навистина хаотично на моменти. Но, на крајот на денот сите таму бевме со една цел, па брзо ги надминувавме препреките фокусирајќи се на работата.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Би одбрала два: Tools и Design. Многу сум љубопитна кога станува збор за учење на нови алатки така да ова е очекувано, а Design го сакав заради тоа што таму работевме на проектите од почеток до крај со што добивавме финален визуелен продукт.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера најпрво како freelance дизајнер, па по неколку месеци се вработи во компанијата Rething како full-time UX/UI дизајнер. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Искрено, процесот не беше едноставен. За жал, повеќето компании на нашиот пазар во периодот кога јас барав работа бараа искусни дизајнери односно ретко која компанија вработуваше почетници. Јас не сакав да губам време, па затоа првично почнав freelance каде што успеав да се снајдам брзо. Во однос на вработувањето, можам да кажам дека покрај моите вештини, клучна улога беше и мојот networking со колеги од сферата, кој постојано се трудам да го градам и проширувам. 

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користела?

Бидејќи компанијата во која моментално работам е релативно млад startup, работата е доста разновидна, покрај работните обврски како UX/UI дизајнер вклучена сум во сите останати обврски на дизајн тимот. Алатки кои ги користиме се AdobeXD, Illustrator, Photoshop и InDesign.



И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?

Би им препорачала да ја направат промената доколку се спремни за предизвик, одвојување од слободно време за учење и посветување на личен и професионален прогрес. Работењето во IT индустријата подразбира постојано учење на нови алатки, трендови и технологии. Важно е да се започне, а надградувањето станува природен дел од работните обврски.

За крај, би им ја препорачала Академијата на Brainster за UX/UI Design, поради добрата структура на програмата која веќе ја напоменав, одличните ментори и тимот за student success кој е тука за сите чекори поврзани со вработувањето и по завршувањето на Академијата. 

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек!

Early Bird понудата на Академијата за UX/UI дизајн важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!