Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе го запознаете Стефан Смиљаноски – Chief Marketing Officer во маркетинг тимот на Brainster.

Стефан е маркетер со 14 години искуство кој во нашата организација дојде како инструктор на Академијата за дигитален маркетинг во 2019та. 

 

Дознајте што тој имаше да ни сподели околу тоа како му поминува работниот ден, што го прави исполнет и што го мотивира.

 

 

Здраво Стефан, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Како Chief Marketing Officer, мојата позиција опфаќа повеќе испреплетени одговорности во врска со маркетинг активностите на Brainster. Овде спаѓаaт: грижата за корпоративниот брендинг, продажните стратегии за сите наши производи, истражувањето и анализата на пазарот, интерната координација на маркетинг тимот, координирањето со останатите тимови итн. Како најважна моја одговорност пак, би ја издвоил поддршката и менторирањето на останатите членови на мојот тим.  

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на Chief Marketing Officer?

Типичниот мој ден е грубо испланиран веќе неколку дена претходно со цел фокусот да биде на приоритетните задачи, но и да се остави малку флексибилност за непредвидените ставки за коишто ќе е потребно моето внимание. Денот обично почнува со читање меилови и агенди за претстојните состаноци, а продолжува со комбинација на состаноци и блокови време за deep work на приоритетните проекти.  

 

Со кои предизвици се соочуваш како професионалец, а воедно и родител кој работи?

Најголемиот предизвик за еден маркетер е честата сегментација на фокусот. Во нашата работа секој момент е карактеризиран со значителен обем на опции и одлуки кои треба да ги донесеш со цел да постигнеш најдобри можни резултати. Оваа состојба често продолжува и по завршетокот на работниот ден, каде што е потребен извесен период на декомпресија со цел соодветно да се посветиме на приватниот живот и семејството.

 

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

Флексибилното работно време и можноста за работа од било каде е нешто што нè издвојува од останатите. Овие придобивки ги воведовме за време на пандемијата, кога и најголемите компании во светот го направија истото. Две години подоцна, тие се вратија на претходниот начин, а ние го усвоивме овој начин на работа за наш стандард. Искрено, јас лично тешко можам да замислам враќање на „по старо“.

 

За крај, што би ни кажал за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Уште од првиот ден, нашата организација ми има овозможено да го остварам мојот потенцијал до максимум. И кога бев инструктор, и кога бев performance маркетер, како и сега кога го водам маркетинг тимот, јас имам чувство дека можам да се потпрам на сите останати членови на Brainster тимот без разлика на нивната позиција. Довербата и „одврзаните раце“ да си ја работам работата која ми е дадена ми се од голема помош во носењето на одговорноста која ми е дадена. Уверен сум дека истото ќе се пренесе и во мојата најнова улога и досега најважна – родител на новородениот Војдан! 



Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.