Во претходната блог објава, имавте можност да ја запознаете Илинка Стојкова од Академијата за Човечки Ресурси и да прочитате повеќе за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.
Нејзината голема посветеност и амбиција резултираа со кариерна трансформација и вработување само неколку месеци по започнувањето на Академијата како Tech Recruiter во компанијата Alten Germany.
Прочитајте повеќе што ни раскажа Илинка за нејзината страст кон менаџментот на човечки ресурси и новото работно место
Здраво Илинка, ние од Академијата за човечки ресурси те познаваме, но што би споделила за останатите? Која е Илинка?
Јас сум Илинка Стојкова, имам дипломирано психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Веќе четири години, живеам и работам во Минхен, Германија. Моето досегашно професионално искуство е во областа на детската и младинска психологија, но желбата кон менаџментот на човечки ресурси се роди уште за време на студентските денови кога ги слушав предавањата по предметот Огранизациска психологија.
Страста за да им помагам на луѓето и да ги водам во процесот да ја најдат својата животна професија ме доведе тука. Секако, овде се надополнува и моментот да им помогнам на бизнисите да ја остварат нивната стратегија.
Пред сѐ, честитки за истрајноста и новото работно место. Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е self-paced, постојано се работи во тимови и треба да изработите многу задачи и студии на случај. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Дејствувањето на странскиот односно на интернационалниот пазар на труд е дефинитивно предизвик кој постојано ме мотивираше и охрабруваше да ги ,,тестирам’’ моите споспобности и потенцијали. Знaев дека сакам да бидам дел од светот на Менаџментот на човечки ресурси и постојано работев на тоа да ја остварам желбата, односно целта.
Од една страна ми беше потребен теоретски дел кој ќе ми го даде знаењето, начинот на размислување и разбирањето на Менаџментот на човечки ресурси, а од друга страна бев посветена на барање работа која пак ќе ми го даде практичниот дел, каде ќе го применувам наученото.
Таков одличен спој најдов во хибридното учење во програмата на Brainster, која ми даде голема флексибилност и дефинитивно ми овозможи да учам и комплетно да ги следам часовите и покрај далечината и другите работни и приватни обврски. Сето тоа беше добра основа за да можам да започнам и да работам во областа и паралелно да ја совладувам теоријата и во пракса.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Alten Germany. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
Alten Germany е дел од Alten Group, компанија која е светски лидер во областа на инженерството и ИТ услугите. Постои повеќе од 30 години со седиште во 30 земји и дејствува во повеќе сектори и индустрии, како на пример: воздухопловство, одбрана и безбедност, автомобилска индустрија, железници, енергија, финансии, малопродажба, телекомуникации и др.
Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?
Мојата работна позиција е регрутер, односно tech регрутер затоа што работам на проекти од автомобилската индустрија, каде клиентите се добро познати германски автомобилски компании. Секој ден е различен, а сепак ист, затоа што целта е да го пронајдам најсооодветниот кандидат за бараната позиција. Денот е секако исполнет со интерни состаноци, состаноци со менаџерите за вработување, a по потреба секако и со клиентите. Понатаму барање на кандидати, селекција, интервјуирање и водење на кандидатот низ целиот регрутациски процес. Највозбудливиот дел ми е тоа што секојдневно сум во контакт со многу луѓе, луѓе од целиот свет со најразлични приказни и искуства.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Моите задолженија започнуваат со потребата на клиентот, односно се многу зависни од проектите на кои работам. Се разбира, успешно завршен проект значи и успех, каде секако најважно е искуството на кандидатот во текот на целиот процес. Друг дел од активностите се пишување и објавување на огласи за работната позиција или активно барање на кандидати преку алатката LinkedIn, интервјуирање како и одржување на интерна дата база на податоци и учество на саеми.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат човечки ресурси?
Би ги охрабрила сите кои нормално сакаат да го запознаат светот и да ја имаат една од најпопуларните професии на денешницата да го направат тоа. Апсолутно е област која нуди можност многу да истражувате, да го развивате вашиот потенцијал, како и да влијаете позитивно на пазарот на труд. За крај би додала да не заборавиме дека на крајот од денот мојата работа е работа со луѓе, на кои новото работно место може дефинитивно да им го промени животот.
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек!
Early Bird понудата на Академијата за Човечки Ресурси важи за упис до 15 август.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!