На Академијата за Data Science постојано учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти!
Последниот предизвик на Академијата за Data Science со којшто се соочија студентите беше завршниот проект на модулот Power BI, кој имаше примарна цел студентите практично да ги покажат стекнатите знаења и вештини од предавањата.
Идејата на овој проект беше да се изработи Power BI визуелизација за новиот партнер за ко-иновации – организацијата RYCO.
Тимот кој успешно ја заврши оваа задача и на кој му припадна победничкото решение се состои од членовите: Методи Ковачевски, Ивана Томовска и Моника Андоновска.
Дознајте повеќе што ни раскажаа тие за искуството на овој реален проект
Здраво дечки, вашиот тим го изработи победничкото решение за клиентот RYCO ! Кажете ни нешто повеќе за себе!
Методи: Здраво, јас сум Методи, работам како product analyst во gaming компанија.
Ивана: Здраво, јас сум Ивана и доаѓам од секторот за меѓународен развој како програмски менаџер. Како што пишува и на мојот LinkedIn профил, јас сум голем поддржувач на идеата на доживотно учење, сакам да откривам и истражувам нови работи. Data Science и нејзината употреба во модерното општество е во мојот фокус.
Моника: Здраво, јас сум Моника, по професија сум економист и работам во банкарскиот сектор. И јас сакам постојано да учам и да се надградувам, па така произлезе и мојата желба за Data Science.
Неодамна имавте задача да направите завршен проект за модулот Power BI, каде работевте на реален проект за реален клиент – RYCO. Споделете ни повеќе за овој проект, идејата зад него и како си поминавте.
Ивана: Уште пред почетокот на Академијата, верував во идејата дека примената и алатките на Data Science се применливи во сите области кои може да ги замислиме и работата на проектот со RYCO ни го потврди тоа. Беше многу инспиративно да се види како алатките кои иницијално се наменети за бизнис секторот може успешно да се користат и во анализа на податоци кои се добиени преку анкети. Ме радува фактот што анализата и визуелицацијата на тие податоци ќе биде корисна на RYCO за понатамошно утврдување на нивните програмски цели и приоритети.
Моника: Работата на овој проект беше голем предизвик за сите нас. Ова ни беше прва можност практично да го примениме знаењето од Академијата преку работа на реален проект, а воедно и прва можност да работиме тимски, па сето тоа бараше добра организација, многу труд и посветеност, многу zoom состаноци, Google пребарувања и меѓусебни дебати како најдобро и најсоодветно да го прикажеме решението. Но, исто така беше и навистина интересно и, секако, многу корисно и поучно.
Од каде ја црпевте инспирацијата за да направите проект кој има фантастична анализа на податоци и креативна визуелизација?
Ивана: На прво место инспирацијата за кој пристап и методи да ги користиме дојде од самата организација RYCO. Многу е важно да се познава „клиентот“ со којшто се работи, за да може нивната мисија и визија да се преточи и во анализата на податоци, а посебно визуелизација на истите. Пристапот којшто го користевме беше storytelling т.е. да ја раскажеме приказната што се крие позади податоците што ги добивме од RYCO, па така и името на нашиот проект беше “Youth Voices through the Power of Data”. Податоците носат многу моќни приказни во себе, но треба да знаеме како да ги откриеме и да ги претставиме.
Со кои алатки, технологии и методи се служевте за да изградите и понудите решение кое го зема победничкото место за време на оваа соработка?
Моника: Ја користевме алатката Power BI, со помош на која ги трансформиравме и исчистивме податоците, го изградивме data model-от и креиравме интерактивни и лесни за интерпретација dashboard-и, преку кои ги прикажавме заклучоците од самата анализа.
Освен што се збогативте со дополнително искуство и уште еден реален проект во вашето портфолио, што би ни раскажале за вашето студентско искуство. Како си поминувате на Академијата за Data Science?
Моника: Овие 10-тина месеци беа мошне интересни, интензивни, исполнети со многу учење, домашни задачи, бонус проекти, дополнителни сесии итн. Материјалот е обемен и се учат навистина многу нови работи. При тоа, балансирањето на сите овие активности со приватните и професионалните обврски често знае да биде и многу напорно, но, колегите и предавачите се секогаш на располагање за помош, поддршка и мотивација.
Академијата за Data Science е една со најинтензивните програми која бара голема посветеност, вежбање и учење. Кој модул најмногу ви се допадна и зошто?
Методи: Не би можел да издвојам омилен модул, сите модули имаат свои специфики и комплексност.
Ивана: Ова е тешко прашање, затоа што сите модули се многу тесно поврзани еден со друг. Освен Power BI, што го користевме за овој проект и е навистина моќна алатка, претходно учењето на SQL беше многу важно за да може успешно да применуваме Power BI, а Математика и Статистика, на пример, е основа за било кој професионалец што работи во областа на Data Science.
Моника: Секој модул е интересен и е предизвик сам по себе, но, ако морам да издвојам, за мене најинтересни беа модулите SQL и Python.
И за крај, кој е вашиот совет до оние коишто сакаат да направат кариерна трансформација во светот на податоците?
Ивана: Go for it! Ако размислувате за тој чекор, направете го, никогаш не е доцна!
За соработката на овој реален проект, Матилда – претставник на RYCO ни раскажа:
Би сакале да им се заблагодариме на студентите за целата нивна работа и посветеност за време на соработката. Презадоволни сме од целото искуство и од соработката со Brainster и Академијата за Data Science. Моите очекувања беа надминати. Многу ми е драго што работев со ваков професионален тим и одлична група студенти. Сите решенија беа многу добри и беше тешко да се избере.
Исто така, би сакале да им кажеме да продолжат со нивната многу добра работа и да ги охрабриме никогаш да не се откажуваат, и покрај предизвиците со коишто може да се соочат. Им посакувам многу среќа во професионалната кариера. Јас, самата, научив многу од искуството од оваа заедничка соработка. RYCO ќе може дополнително да ги соопштува своите резултати на јавноста, преку контролна табла со резултати, изработена од студентите.
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек!
Продолжената Early Bird понуда на Академијата за Data Science важи за упис до 31 август.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!