Моето Brainster искуство – Тамара Блажевска

Запознајте ја Тамара Блажевска – студент на Академијата за Човечки Ресурси која сака да напредува во својата кариера и смета дека изучувањето на менаџментот на човечки ресурси ќе ѝ помогне да ја постигне посакуваната цел.
Студент: Тамара Блажевска
Академија: Академија за Човечки Ресурси
Професија: Менаџер на продавница
Од првиот час на Академијата паметам: Многу позитивна атмосфера. Многу различни професии и приказни за тоа зошто се одлучиле за менаџментот на човечки ресурси.
Се решив да го искористам летото продуктивно и да научам: Регрутација, затоа што тоа беше дел од омилениот модул, а воедно и мојата желба да станам професионалец во истото.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Сакам да напредувам во мојата професија и сметам дека ова е одличен чекор за мене.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Обука, учење и развој на вработените. Тоа ќе ми помогне во самата професија, но исто така, љубопитна сум и за останатите теми.
После предавањата секогаш: Согледувам дека нејаснотиите и потешкотиите со одредени лекции што ги имам, исчезнуваат. После предавањата секогаш се чувствувам толку исполнето што навистина ме прави среќна.
Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Дали ќе имам доволно време да се посветам на Академијата. Со текот на времето, се покажа дека самата Академија е доста флексибилна и дека тој страв во мене бил тотално непотребен.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Секоја врвна организација има потреба од лидери за човечки ресурси кои се усогласуваат со целите на организацијата, а водно се насочени и кон поддршка на персоналот, соодветна компензација, бенефиции на вработените, како и дефинирање/дизајнирање на работата.
Оваа област за мене значи: Да се биде професионалец за човечки ресурси значи многу слушање. Слушањето на проблемите на вработените и слушањето на повратни информации од менаџерот. Се сметам себеси за добар слушател и би сакала да достигнам успеси во оваа област.
Во слободно време: Сакам да читам книги, да гледам серии и најчесто времето го поминувам со моите пријатели.
Сакам да читам: Психолошки книги. Последна што ја имам прочитано е „Децата и разводот“ од Драгана Батиќ.
Сакам да гледам: Серии што се полабави за гледање, како: Friends, Emily in Paris. Но, една омилена кога би издвоила, тоа е Game of Thrones.
Омилен цитат: “The map of life can only be followed backwards, showing the end to the beginning.”
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!