Реалните проекти кои ги изработивме на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање

Дознај што сѐ ќе направиш за 1 година учејќи Front-End програмирање или Full-Stack програмирање во Brainster.

Денес, програмирањето е една од највозбудливите области за работа за која има многу кариерни можности. Се користи за развој на апликации, веб-страници и софтвер.

Без програмирањето, не би имале ниту една од најпопуларните технологии за да се потпреме, како што се: Facebook, Instagram, нашите паметни телефони, прелистувачите кои ги користиме за да се информираме, па дури и самите блогови и форуми.

Совладувањето на потребните вештини за Front-End или Full-Stack е процес на континуирано учење за кој е потребна голема посветеност и вложен максимален труд. 

Во оваа блог објава ќе се обидеме да ти доловиме што е возможно да изработиш за 1 година доколку почнеш да учиш Front-End или Full-Stack денес. 

Ова се неколку реални проекти за реални клиенти изработени од страна нашите студенти на Академијата за Front-End програмирање или Академијата за Full-Stack програмирање.

 

Во продолжение, дознај што можеш да постигнеш за 1 година, ако почнеш да учиш Front-End или Full-Stack денес

 

 

  • Изработка на веб платформа за Универзитетско Студентско Собрание – УКИМ

За да се постигне целта на овој проект, беше формиран мешан тим од Front-End студенти и Full-Stack студенти. Станува збор за проект – веб платформа за Универзитетското Студентско Собрание – УКИМ која има за цел да овозможи комуникација и непречено споделување информации со студентите од различните факултети. Дознај повеќе!

 

 

  • Веб решение и UX/UI дизајн за Специјална Олимпијада на Македонија

Поконкретно, проектот започна на Академијата за UX/UI дизајн, каде што студентите беа задолжени да ја направат веб-страницата како и целосниот UX/UI дизајн за клиентот Специјална Олимпијада Македонија. Откако се одбра победничкото решение, проектот продолжи на 48 часовен Хакатон на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање каде задача на студентите беше да изработат функционално веб решение. Дознај повеќе!

 

 

  • BRAINSTERPRENEURS – реален проект на Академијата за Full-Stack програмирање

Студентите имаа задача како завршен проект да работат на реалниот проект BRAINSTERPRENEURS. Станува збор за интерна платформа за соработка помеѓу студентите на Академиите и поттикнување на претприемачкиот дух помеѓу нив. Дознај повеќе!

 

 

  • CoinTracker – реален проект на Академијата за Front-End програмирање

Тимот имаше задача како завршен проект да ја изработи спецификацијата за апликацијата CoinTracker. CoinTracker е апликација за следење на месечниот приход, како и на месечните трошоци со можност за поставување на буџетски лимити. Апликацијата CoinTracker треба да биде достапна од мобилни уреди, па од таа причина, мобилната респонзивност беше задолжителна за изработка. Дознај повеќе!

 

 

  • Најголемиот Хакатон досега организиран од Brainster

Студентите за изработка на овој проект имаа задача да направат брендирање, градење на веб-страница и кодирање на истата. Проектот се пренесуваше од една до друга Академија следствено, почитувајќи го процесот на предавање на еден проект од еден на друг тим, имитирајќи го процесот кој се случува во реалниот свет во организациите. Дознај повеќе!

 

 

  • Веб апликација за Jägermeister – завршен проект на Академијата за Full Stack програмирање

Студентите од Академија за Full stack програмирање имаа задача да работат на реален проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор, а воедно и CTO на Brainster – Ивица Пешовски. Целта на проектот беше да се направи веб-апликација за наградна игра која ја организира Jägermeister, а преку која корисниците ќе можат да испраќаат слики, за Jägermeister да ги награди по случаен избор. Дознај повеќе!

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! 

Продолжената Early Bird понуда на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање важи за упис до 31 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.