Дознај што сѐ ќе направиш за 1 година учејќи Data Science во Brainster.

Науката за податоци е суштински дел од многу индустрии денес, со оглед на огромните количини на податоци коишто се произведуваат секојдневно, а воедно е една од најдебатираните теми во ИТ светот. 

Популарноста на науката за податоците ги открива психолошките карактеристики на купувачите, берзанските трендови, или пак недостатоците при производство на ракети, а компаниите почнаа да имплементираат техники за да го развијат својот бизнис и да го зголемат задоволството на клиентите.

Совладувањето на потребните вештини за Data Science е процес на континуирано учење за кој е потребна голема посветеност и вложен максимален труд. 

Во оваа блог објава ќе се обидеме да ти доловиме што е возможно да изработиш за 1 година доколку почнеш да учиш Data Science денес. 

Ова се неколку реални проекти за реални клиенти изработени од страна нашите студенти на Академијата за Data Science.

 

Во продолжение, дознај што можеш да постигнеш за 1 година, ако почнеш да учиш Data Science денес

 

 

  • Проект: Power BI визуелизација

Последниот предизвик на Академијата за Data Science со којшто се соочија студентите беше завршниот проект на модулот Power BI, кој имаше примарна цел студентите практично да ги покажат стекнатите знаења и вештини од предавањата. Идејата на овој проект беше да се изработи Power BI визуелизација за новиот партнер за ко-иновации – организацијата RYCO. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Анализа и градење на статистички модел за ефикасност на лекови

Со цел да го подобриме искуството на студентите, го организиравме првиот хакатон на Академијата за Data Science, каде студентите имаа можност да ги искористат своите знаења и вештини работејќи на проект. Задачата беше по модулот математика и статистика, каде требаше да се изработи анализа и статистички модел за ефикасност на лекови и помошни сценарија поврзани со медицината, преку предвидување на адекватноста на лекот. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Author Detection (NLP)

Овој проект е дел од завршните проекти на Академијата за Data Science, кој има примарна цел студентите практично да го прикажат целокупното знаење стекнато од предавањата. Целта на проектот беше студентите да дознаат дали одреден код може со леснотија да ја натера машината да препознае и да научи одреден стил на група автори, за кои подоцна преку одредени параграфи од книги ќе може да го каже името на авторот. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Face Emotion Detection (Computer Vision)

Овој проект е дел од завршните проекти на Академијата за Data Science. Целта на проектот се состоеше од тренирање на длабока невронска мрежа со означени слики на емоции на лицето. Ова е мултидисциплинарен проект кој вклучува детекција на изрази на лица, машинско учење и компјутерска визија. На овој начин, студентите учат како овие различни полиња се поврзани и разбираат како тие можат да даваат решенија за сложени проблеми. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Self-Driving Car

Целта на овој проект е да се искористи стекнатото знаење од Академијата за Data Science за да се изгради автономно возило, познато како клонирање на однесувањето, засновано на научно истражување од Nvidia. Истражувањата и развојот на автономните возила стануваат сè попопуларни во автомобилската индустрија. Се верува дека автономните возила се иднината за лесен и ефикасен транспорт што ќе ги направи побезбедни и помалку зафатени патиштата. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Модел за класификација на слики за Jägermeister

Како еден од реалните проекти на кој студентите работеа е проектот за реалниот клиент – Jägermeister. Овој пат, тие имаа задача да изградат модел што ќе препознава фискални сметки или фактури од слика, како и вадење на текстот од таа слика. Мотивот на проектот е да се додели награда на најверните потрошувачи на Jägermeister. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Bank Customer Churn

Преку податоците понудени од самата банка, во овој проект нашите студенти изготвија анализа и добија резултати зошто клиентот заминува, а тоа води до изготвување на стратегија со цел задржување на веќе постоечките клиенти. Целта на овој проект е да се направи робусен модел што ќе предвидува дали одреден постоечки клиент на самата банка ќе ја напушти банката или не. Дознај повеќе!

 

 

  • Проект: Term Deposit

Целта на овој проект е да се направи модел што ќе предвидува дали одреден, веќе постоечки клиент на самата банка ќе орочи долгорочен депозит или не, базирано на неговите лични информации, некои други социо-економски атрибути и дополнително дали претходно банката била во некаква комуникација со клиентот. Дознај повеќе!

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! 

Продолжената Early Bird понуда на Академијата за Data Science важи за упис до 31 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!