Запознајте ја Христина Василевска – Димчевска, студент на нашата Академија за Project & Product менаџмент која се реши да ги надгради своите знаења и вештини и да научи повеќе за агилната методологија.

 

Студент: Христина Василевска Димчевска

Академија: Академија за Project & Product менаџмент

Професија: Правник, но работам како проектна менаџерка.

Од првиот час на Академијата паметам: Со добар план и тим сè може да се изработи.

Се решив да го искористам летото продуктивно и да научам: Повеќе за агилната методологија и Scrum како најкористена агилна методологија.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Работам долго како проектна менаџерка, но најчесто проектите ги имплементирав користејќи ја традиционалната waterfall методологија. Сметам дека во свет кој брзо се рменува секој проектен менаџер покрај од традиционалната треба да има познавања и од агилната методологија.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Product Management, бидејќи имам најмалку познавања од оваа област.

После предавањата секогаш: Средувам импресии, прегледувам белешки и си пишуваме на Slack со групата.

Пред да се запишам, најмногу ме „плашеше“: Недостигот на техничко предзнаење.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да можам да ги употребувам двете методологии при имплементирање проекти и да може да се прилагодам во различни работни средини.

Оваа област за мене значи: Предизвикување промени. Свесни сме дека сè што се случува околу нас претставува проект, па оттука колку подобри се вештините на менаџерот, толку поуспешен ќе биде проектот и ќе предизвика значајни промени.

Во слободно време: Читам книги, гледам серии и пешачам.

Сакам да читам: Апсолутно сè.

Сакам да гледам: Серии со ограничен број на епизоди. Сега доста актуелни на Netflix.

Омилен цитат:Travel. Because money returns, time doesn’t.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!