Запознајте ја Анастасија Јовческа – алумни студент од Академијата за UX/UI Дизајн која покажа извонредни резултати и не ја пропушти можноста да учествува на проектите.

Нејзината упорност и амбиција резултираа со работна позиција како UX/UI дизајнер во лондонската компанија за сајбер безбедност – TryHackMe.

 

Си поразговаравме со Анастасија за нејзиното кариерно патување

 
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво, здраво. Благодарам на убавите зборови. Јас сум Анастасија, дипломиран графички дизјанер и UX/UI дизајнер со повеќе од 5 години работно искуство во областа. Сакам да цртам, да уживам во природата (од која највеќе црпам инспирација), љубопитна сум и секогаш целам кон лично надградување и учење на нови работи.

 

Зошто баш UX/UI дизајн?

Многу често се среќавав со UX/UI тип на таскови на моето претходно работно место, кои се трудев да ги реализирам најдобро што можам со знаењето и искуството што го имав во тој момент, па кога решив дека е време да го надградам своето знаење, одлуката беше многу лесна.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата не само што ги исполни моите очекувања, туку и ги надмина! Мојата група имаше одличен курикулум и ментори, инструктори, пријатели и колеги кои навистина се тука за да го пренесат целото свое знаење. На крајот останува на самите себе колу сме ние спремни за да го извлечеме најдоброто што ни го нуди оваа Академија.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Прејако! На едно купче бевме собрани толку различни карактери кои некако кликнаа меѓусебе што резултираше со многу смеа, зезанции, нови пријателства… Едноставно, Академијата е едно преубаво искуство. Паралелно работев додека ги слушав предавањата. Беше напорно, но навистина вредеше. Најголемиот предизвик ми беше модулот front-end и дефинитивно можам да кажам дека не го надминав. Едноставно кодирањето не е за мене. 🙂 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Не можам да одвојам конкретен модул, сите има нешто интересно во нив. Најинтересни ми беа хакатоните. Тотален хаос 48 часа, а сепак на крајот сите пред клиентите со скоцкано проектче, и нема поубаво чувство од тоа да го дадеш својот максимум и да приложиш дизјан решение кое навистина решава кориснички проблеми.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како UX/UI дизајнер во компанијата TryHackMe. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Како што напоменав и погоре, веќе работев како графички дизајнер додека ја посетував Академијата на Бреинстер, така што веднаш по завршувањето на Академијата продолжив да работам на истото место, но имав многу поголеми обрски и самостојно ги планирав и извршував UX/UI тасковите. Но, знаев дека сакам да работам повеќе како UX/UI дизајнер, и еве ме денес full time remote UX/UI дизајнер во лондонска компанија за cyber security.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користела?

Моментално работам во Figma и неколку од моите обврски вклучуваат: research, user testing, подобрување на функционалности на продуктот, ре-дизајн на компоненти, креирање на дизајн системи итн. Она што се очекува од мене е да се погрижам дека продуктот ги исполнува очекувањата на корисниците.

 

И за крај, што би им препорачал/а на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?

Just go for it!



Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек!

Early Bird понудата на Академијата за UX/UI дизајн важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!