Запознајте ја Фјола Синани – алумни студент на Академијата за графички дизајн која се одлучи за кариерна трансформација и нејзината амбиција резултираше со почеток на нејзината кариера како графички дизајнер во компанијата A88Lab.
Таа е позитивна личност, која постојано сака да ги надградува своите вештини и секогаш се стреми кон нови предизвици.
Си поразговаравме со Фјола за нејзиното кариерно патување
Здраво Фјола, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!
Здраво, здраво! Јас сум Фјола, алумни студент од Академијата за графички дизајн, а исто така и студент на Економскиот факултет. Можеби размислувате „Kаква врска има економијата со дизајнот?!“ Верувајте ми дека имаат поврзаност. Дополнително, сакам да учам нови вештини, да се соочувам со предизвици и секогаш се трудам да размислувам позитивно!
Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?
Сакав да ја претворам мојата пасија во професија, а воедно да почнам да учам постепено и на структуриран начин. На предавањата научивме многу нови и интересни работи.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
На Академијата за графички дизајн си поминав супер! Единствениот предизвик ми беше тоа дека дали ќе можам да постигнам да ги завршам обврските на факултет, но истовремено и на Академијата. Јас мислам дека успеав да направам сѐ што беше потребно, а исто така, научив како да управувам подобро со моето време.
Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?
Активностите кои ми помогнаа полесно да ја совладам програмата беа редовното следење на часовите и изработката на домашните. Исто така, ми помогнаа само-мотивацијата и желбата да научам повеќе.
Почетокот на твојата кариера како графички дизајнер ја започна во A88Lab. Раскажи ни како изгледа работен ден на еден графички дизајнер?
Мојот работен ден започнува со прегледување на моите задачи за тековниот ден и потоа почнам со работа. Од алатките најмногу користам illustrator и најчесто дизајнирам креативи за социјални медиуми.
Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?
Дизајнерот набљудува сѐ околу него.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
За 5 години се гледам како успешен дизајнер, а како и каде – не знам, уште сум во фаза на експериментирање.
За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор?
Многу ме охрабри слободата и разновидноста што ја носи оваа професија. Сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор, би ги советувалa да излезат од нивната комфорна зона и да го преземат следниот чекор кон кариерата што ja сакаат. Почетокот е секогаш најтежок, но никогаш не треба да се откажуваме од она што го сакаме.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек!
Early Bird понудата на Академијата за графички дизајн важи за упис до 15 август.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!