Реалните проекти кои ги изработивме на Академијата за графички дизајн

Дознај што сѐ ќе направиш за 8 месеци учејќи графички дизајн во Brainster.

Веќе сме добро запознаени дека графичкиот дизајн е уметност на планирање и создавање визуелни содржини со цел да се пренесат идеи и пораки. Тој е насекаде околу нас, од билборди за автомобили, до кутии за житарици и мобилни апликации.

Го создадовме блог серијалот „Најпопуларните проекти на Brainster Академиите“ за да ве донесеме чекор поблизу до начинот на којшто го подобруваме искуството на нашите студенти, но и да ви ги прикажеме реалните проекти на кои тие постојано работат и го применуваат целото свое знаење во пракса.

Совладувањето на потребните вештини за графички дизајн е процес на континуирано учење за кој е потребна голема посветеност и вложен максимален труд. 

Во оваа блог објава ќе се обидеме да ти доловиме што е возможно да изработиш за 8 месеци доколку почнеш да учиш графички дизајн денес. 

Ова се неколку реални проекти за реални клиенти изработени од страна нашите студенти на Академијата за графички дизајн.

 

Во продолжение, дознај што можеш да постигнеш за 8 месеци, ако почнеш да учиш графички дизајн денес

 

 

  • Победничко решение од Хакатонот за фестивалот When in Krusevo

Последната Cross-Academy соработка ги сплоти знаењата и вештините на студентите од Академијата за графички дизајн и Академијата за дигитален маркетинг. Под менторство на Дијана Димитриевска, Бојан Даниловски и Јана Тодоровска, студентите имаа задача да изработат реален проект – Social Media & Brand стратегија за реалниот клиент When in Krusevo. Дознај повеќе!

 

 

  • Креирање на постер дизајн за Sure Shotz

Последниот предизвик со кој се соочија студентите од Академијата за графички дизајн беше да работат на реален проект за реален клиент на модулот „Постер Дизајн“ под менторство на нашиот инструктор Иван Дургутовски.

Нивната задача беше да креираат креативно решение за постер дизајн за клиентот Sure Shotz – мултифункционална дружина која постојано работи на развивање на хип-хоп културата преку организација на настани, пуштање музика во клубови, соработка со други артисти, диџеи и секакви уметници. Дознај повеќе!

 

 

  • Креирање лого и бренд идентитет за Калдрма Кафе Бар

Овој пат, предизвикот со којшто се соочија студентите од Академијата за графички дизајн беше редизајн на логото и бренд идентитетот на Калдрма кафе бар. Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Висар Мехмед. Дознај повеќе!

 

 

  • Студентите од Академијата за графички дизајн креираа постер дизајн за МОФ

Со цел да се подобри искуството на студентите од Академијата за графички дизајн, тие имаа задача да го покажат целото стекнато знаење од предавањата, да работат на реален проект за реален клиент и да направат постер – дизајн за регрутација на нови членови во едукативните клубови кои се во склоп на Младинскиот Образовен Форум. Дознај повеќе!

 

 

  • Победничко решение од Хакатонот за BAK 2021

Brainster Академиите постојано соработуваат со партнерите за ко-иновации, а студентите преку работа на реални проекти за реални клиенти ги совладуваат најбараните дигитални вештини. Реалниот проект на којшто се работеше беше за клиентот BAK 2021, а студентите имаа задача да направат дигитална маркетинг стратегија, лого и брендинг како и нова веб платформа. Дознај повеќе!

 

 

  • Креирање визуелен идентитет за Студентски Културен Центар

Како дел од програмата на Академијата за графички дизајн, студентите имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент. Под менторство на нашиот инструктор – Александар Нофитоски, во склоп на модулот за визуелен идентитет, тие соработуваа со Студентскиот Културен Центар. Овој тим имаше задача да го изработи логото и брендингот за СКЦ. Дознај повеќе!

 

 

  • Студентите од Академијата за графички дизајн изработија боенка за Стоматолошки факултет

Главната задача на студентите од Академијата за графички дизајн беше креирање на боенка која е наменета за  деца од предучилишна и училишна возраст, како дел од кампањата на Стоматолошки факултет, со цел запознавање со важноста на оралното здравје кај оваа таргет група. Освен боенката, студентите креираа и постер дизајни кои ќе се користат на социјалните медиуми и низ самите училишта. Дознај повеќе!

 

 

  • Студентите од Академијата за графички дизајн изработија лого и дизајн на пакување за WICE

Студентите од Академијата за графички дизајн го збогатија своето портфолио со реален проект за реален клиент. Овој пат, студентите – графички дизајнери беа поделени во 4 тима и имаа задача да креираат лого и дизајн на пакување за сладолед со вино – WICE за клиентот Матриошка, кој ќе се пласира на пазарот во Англија и Македонија. Дознај повеќе!

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек!

Продолжената Early Bird понуда на Академијата за графички дизајн важи за упис до 31 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

Trending Stories That Might Interest You