Елена од Академијата за Data Science е новиот Data Revenue Assurance во А1 Македонија

Запознајте ја Елена Суџуковиќ – алумни студент од Академијата за Data Science, која се реши да излезе од комфорната зона и да направи кариерна трансформација во светот на податоците.

Нејзината желба и амбиција резултираа со ново работно место во А1 Македонија како Data Revenue Assurance.

 

Си поразговаравме со Елена за нејзините студентски денови и новото работно место

 

 

Здраво Елена, ние од Академијата за Data Science те познаваме, но што би споделила за останатите? Која е Елена?

Здраво! Јас сум Елена – алумни студент на Академијата за Data Science. Себеси можам да се опишам како амбициозна личност која сака предизвици во животот. Кога би се доближила уште повеќе, најголем предизвик во сето тоа беше што Data Science се случи со почетокот на Covid и заклучувањето дома. Тоа беше тотално излегување од комфорната зона, за да ги проширам своите знаења во областа на ИТ индустријата.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ти си наш алумни студент кој постигна извонредни резултати! Да почнеме од почеток, како ти се роди желбата за Data Science?

Постдипломски или Brainster, анализата што почнав да ја правам баш во тој период ме однесе до Data Science. Одговорот го добив по кратката анализа на тоа што всушност сакам, како што кажав.

 

Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување. На што најмногу се гордееш со себе?

Уште малце, па декада со A1 Македонија. Горда сум на себе за секој успешен чекор направен во изминатите години. По Data Science, горда сум што добив препознатливост и на целото вложување и учење му се даде шанса.

 

Дел од интензивната програма на оваа Академија е работата на реални проекти за реални клиенти кои бараат многу посветеност и време за учење. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Како и што се почнува во секој ваков проект – анализа. Кога ќе се совлада суштинското и препознае барањето на клиентот и како тој би бил задоволен. Исто е и во real time, како што е Data Revenue Assurance позицијата. Денес се работи на конкретна алализа од која произлегува резултат.

 

Кој модул ти беше најинтересен, а кој бараше поголем фокус и ти создаваше предизвици? Зошто? 🙂

Еден е одговорот. И ден денес SQL. Затоа што SQL крие во себе секој ден нови работи кои може да ги поврзеш и анализираш.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата А1. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

Компанијата А1 Македонија е член на А1 Телеком Австрија Групацијата, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа кој работи во седум држави и обезбедува услуги на над 25 милиони корисници. На македонскиот пазар, компанијата опслужува 1,2 милиони корисници, овозможувајќи им одлично корисничко искуство. 

Преку најсовремена сопствена мрежа А1 на корисниците им овозможува целосна покриеност со 4G LTE мобилен интернет насекаде во земјата и 4G+ во урбаните средини и покриеност на 99,8% од населението. Со услугата за грижа на своите корисници достапна 24 часа во текот на целата недела и константното надградување на каналите за комуникација, А1 ја докажува супериорната грижа за корисниците. Услугите кои ги нуди компанијата овозможуваат дигитален начин на живот и работа како и можност на компаниите и работите да се поврзат насекаде и во секое време.

 

Како изгледа еден ден во животот на Data Revenue Assurance?

Интересно. 🙂 Се будам со два аларми без snooze. Еден дома рано наутро, вториот е „аларм” RA Dashboard, кој го отварам со доаѓањето на работа. Тие аларми ни даваат инфо дали претходниот ден метриките и контролите за сите податоци што ги анализираме поминале во најдобар ред. И така, според тоа како ќе ѕвони на dashboard се насочуваме на дневна анализа на податоци.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Најмногу се основа на анализа на бази преку SQL.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Кој е твојот совет до сите оние коишто размислуваат да започнат да учат Data Science и што би кажала за кариерните можности кои ги нуди оваа област?

Благодарам за честитката. Data Science e дефинитивно одлука и инвестија за себе која секој треба да си ја дозволи. Широкоспектарно, нуди можност за секој да се пронајде и покаже во Data областа и понатака усовршување до експертиза. 

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! 

Early Bird понудата на Академијата за Data Science важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Trending Stories That Might Interest You