Запознајте го Борче Гајдов – алумни студент од Академијата за Software Testing кој беше дел од победничкиот тим на Хакатонот кој се работеше за проектот Brainsterpreneurs.
Тој покажа одлични перформанси за време на предавањата, а неговата посветеност резултираше со ново работно место во латвиската софтверска компанија TestDevLab како Junior Software Tester.
Во оваа блог објава, си поразговаравме со Борче за неговото искуство и за почетокот на неговата кариера
Здраво Борче, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво на сите. Јас сум Борче, алумни студент на Академијата за Software Testing, дипломиран професор по англиски јазик и моментално вработен во компанијата TestDevLab како Junior Software Tester.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Академијата дефинитивно ги исполни и ги надмина моите очекувања. Менторите и сите вклучени во Академијата си ја сработија работата до најситен детаљ, беа целосно посветени да ни го пренесат знаењето што го имаат, за да бидеме спремни за предизвиците што нѐ чекаат. Иако делува дека 6 месеци е краток период за да научиш нова професија од 0, сепак со труд, посветеност и менторство на Академијата, се постигнува тоа.
Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Работата на реалните проекти е најдобриот дел од целата Академија. Академијата одлично ги доловува тие моменти на тимска работа во реалните проекти кои ги сретнуваш и на работното место. Најдобар пример за ова е Хакатонот којшто беше организиран од Brainster.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата TestDevLab. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
TestDevLab e латвиска софтверска компанија која е основана во 2011 година. Компанијата има голем број на клиенти од секаде низ светот, а главниот фокус на компанијата е software quality.
Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?
Мојата работна позиција е Junior Softwаre Tester. Работниот ден ми започнува со состанок со тимот на којшто се делат задачите за текот на денот и се прави ретроспектива на сработеното од претходниот ден. После состанокот, зависно од тоа кои ми се работните задачи за тој ден, на основа на приоритет почнувам да ги извршувам задачите.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Главниот опсег на работата е тестирање на софтверот, пријавување и документирање на баговите, ретестирање на претходно пријавените багови и тимска работа. Се користат голем дел од алатките што ги изучувавме на Академијата, секако има и други, но се лесно совладливи. Тимската работа е голем фактор во оваа компанија, така што, ако има нешто што не ти е јасно за било што во текот на работниот ден можеш да се обратиш кај некој колега за помош.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?
Сите што размислуваат за промена на кариерата или само за надградба на нивното знаење, Brainster и Академијата за Software Testing е вистинското место. Одлични инструктори и ментори, опфатен е голем дел од Software Testing-от, секако ќе мора да се вложи труд и напор, но најважно е да се решите да излезете од комфорната зона и да се впуштите во нешто ново.
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек!
Extended Early Bird понудата на Академијата за Software Testing важи за упис до 31 август.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!