Моето Brainster искуство – Едиса Лековиќ | Brainster

Моето Brainster искуство – Едиса Лековиќ

Запознајте ја Едиса Лековиќ – студент на Академијата за Човечки Ресурси. Таа е комуникативна личност и со голем ентузијазам се реши да го искористи летово за да направи кариерна трансформација.

 

Студент: Едиса Лековиќ

Академија: Академија за Човечки Ресурси

Професија: Студент

Од првиот час на Академијата паметам: Запознавањето со менторите, колегите, споделувањето на нашите искуства, како и ширењето на позитивна енергија. Сите ние дојдени со желба за учење и соработка.

Се решив да го искористам летото продуктивно и да научам: За деловите на регрутација и мотивација на вработените, но исто така, се трудам да го проширам своето знаење и во други области.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Студирам психологија и мислам дека HR светот е доста поврзан со неа. Оваа област е интересна и доста опширна.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Искрено, со нетрпение ги чекам сите следни часови. Се надевам дека ќе бидат интересни како досегашните и дека ќе научам многу нови работи.

После предавањата секогаш: Дискутирам за темите и домашните задачи заедно со колегите.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Дали ќе се пронајдам како што имав замислено.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да имам стабилна работа којашто ќе ми биде интересна, ќе ме исполнува и можност за напредок.

Оваа област за мене значи: Нова работа, нови искуства и ширење на кругот на познаници.

Во слободно време: Сакам да шминкам, да пешачам и да гледам серии.

Сакам да читам: Книги поврзани со психологија.

Сакам да гледам: Документарци

Омилен цитат: “I never dreamed about success. I worked for it.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!