Запознајте го Ѓорѓе Ќиров – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање, кој отсекогаш имал голема желба да кодира и дизајнира веб страници.
За само 4 месеци од почетокот на предавањата на Академијата, Ѓорѓе се вработи во компанијата M-Tech како front-end девелопер, а сега е ко-сопственик и моментално вработен во компанијата Eternity.
Си поразговаравме со Ѓорѓе за неговото кариерно патување
Здраво Ѓорѓе! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за Front-End програмирање те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво, здраво! Ви благодарам многу Brainster! Академијата за Front-End програмирање ме остави без зборови. Сите очекувања и неочекувања ми ги исполни и ми овозможи добар почеток на мојата кариера. Учевме од најдобрите професори кои успеаја да го споделат своето експертско знаење и секогаш беа тука да помогнат.
Зошто баш Front-End програмирање?
Отсекогаш сум сонувал да кодирам и дизајнирам веб страници, а front-end делот беше потполно погоден за мене!
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Front-End програмирање. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Како што кажав и претходно, јас сум повеќе од задоволен од Brainster и од професорите кои се трудат секогаш да го споделат своето знаење со нас студентите. Секогаш се тука да ги поправат нашите грешки и да поработат малку повеќе со нас.
Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Најголемиот предизвик беше модулот JavaScript, дефинитивно! Со многу напорна работа и со многу време вложено, а исто така најважното – со најголема помош од професорите, успеав да го совладам и да се соочам со предизвиците.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто?
JavaScript секако. Можеби беше еден од најтешките за мене бидејќи најголемиот дел започнува баш од таму, но дефинитивно беше и еден од најинтересните бидејќи имаше најмногу предизвици!
Раскажи ни за твоето кариерно патување!
По четири месеци од стартот на Академијата започнав да ја градам својата кариера како front-end девелопер во компанијата M-Tech и бев повеќе од задоволен. Сега моментално работам во Eternity, каде што работам како front-end девелопер, а исто така сум и ко-основач на компанијата!
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад програмер? Кои би биле твоите задачи и обврски?
Како ко-основач и како front-end девелопер, би имал секако повеќе обврски, но се надевам дека ќе успеам сите да ги завршам и да ги направам како што ќе ми бидат зададени.
И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Front-End програмирање?
Пред сѐ, да не се двоумат многу бидејќи Бреинстер ќе им го пружи сето знаење кое им е потребно за да можат во иднина да бидат врвни програмери! Исто така, Front-End програмирањето е исполнето со многу новости и со многу интересни модули за кои не верувам дека некој би сакал да се откаже.
Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек!
Продолжената Early Bird понуда на Академијата за Front-End програмирање важи за упис до 31 август.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!