Brainster Академиите постојано соработуваат со партнерите за ко-иновации, а студентите преку работа на реални проекти за реални клиенти ги совладуваат најбараните дигитални вештини.
Последната Cross-Academy соработка ги сплоти знаењата и вештините на студентите од Академијата за графички дизајн и Академијата за дигитален маркетинг.
Под менторство на Дијана Димитриевска, Бојан Даниловски и Јана Тодоровска, студентите имаа задача да изработат реален проект – Social Media & Brand стратегија за реалниот клиент When in Krusevo.
When in Krusevo е outdoor фестивал кој нуди бројни outdoor активности, МТВ тури, планинарење, трчање, адреналински параглајдинг погледи, незаборавни јавања низ крушевската природа, проследено со многу забава и дружба.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Тим 1, составен од студентите Сара Кочовска, Марија Донева, Елисавета Соколова, Сара Хот и Рената Петковска.
Во продолжение си поразговаравме со Сара и Марија за нивното победничко решение и искуството на овој Хакатон.
Вие сте едни од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, како си поминавте на Академијата?
Сара: Здраво! Јас сум Сара Кочовска – дипломиран архитект инженер, а сега и графички дизајнер. Јас сум презадоволна од Академијата за Графички Дизајн, беше сѐ што посакував, дури и повеќе. Програмата заедно со менторите, се фантастично поставени за брз и успешен развој. Покрај професионалниот пристап, предавањата се доста забавни и со друштвен карактер.
Марија: Здраво, јас сум Марија Донева – магистер по граѓанско право, a од неодамна и дигитален маркетер. Секој слободен момент се трудам да го поминам во природа, уживајќи во најразлични outdoor активности. Самата Академија за Дигитален Маркетинг за мене беше фантастично искуство. Почнувајќи од самите ментори-професионалци секој во својата сфера, нивниот професионален, а сепак пријателски однос кон студентите, како и креативниот начин на предавање, до супер интересните 48 часовни хакатони, Академијата нуди одлични ресурси за квалитетно неформално образование.
Бевте дел од едно незаборавно искуство каде што имавте задача во рок од 48 часа да испорачате финално решение за фестивалот When in Krusevo. Раскажете ни повеќе за овој проект.
Сара: Досега најинтересен хакатон, а тематиката беше доста динамична. Како голем љубител на фестивали, знаев дека ќе биде супер проект. Хакатонот започна со Brief со организаторите на фестивалот – Димитар и Антонио, каде ни побараа да се дизајнираат постер и објави за социјалните мрежи, а воедно и да се смисли маркетинг стратегија за промоција на фестивалот. Крајната идеја беше преку овие креации да допреме до што е можно повеќе луѓе што би сакале да присуствуваат.
Марија: Јас како љубител на најразлични outdoor активности, Сара како љубител на фестивали, без никакво размислување одлучивме да се приклучиме на еден од најинтересните хакатони досега – cross хакатон на Академијата за Дигитален Маркетинг и Академијата за Графички Дизајн, со крајна цел во рок од 48 часа да се креира најдоброто маркетинг/дизајн финално решение за When in Krusevo 2022. По одржаниот brief состанок од Димитар и Антонио и по добивањето на јасна слика и визија за тоа што е идејата и целта на настанот, секоја од нас се насочи кон реализација на својот дел од проектот. Менторите од двете академии беа тука да нѐ поддржат, да нѐ советуваат и насочат за креирање на најсоодветно и најпрактично решение за самиот клиент. Под нивно менторство, како и врз основа на целосна и постојана координација и комуникација помеѓу нас, успеавме да креираме целосен проект којшто ги задоволи во целост барањата и потребите на клиентот.
Која беше идејата зад тој проект и целта што требаше да се постигне?
Сара: When in Krusevo e outdoor фестивал со секакви активности за спортските души, но секако и за оние луѓе што сакаат одмор во природа каде што секоја вечер има доста забавни концерти. Идејата зад овој проект беше да запознаеме што е можно повеќе луѓе што би сакале да присуствуваат на ваков фестивал, преку добра маркетинг стратегија и секако привлечни креативни дизајни.
Марија: Идејата беше преку нови креативни/иновативни решенија како од дизајн така и од маркетинг аспект да се придонесе за зголемување на brand awareness за When in Krusevo, проширување на идејата за самиот настан, запознавање на што е можно поголем број на луѓе за самиот потенцијал на ваквиот тип на настани кои придонесуваат не само за културен туку и за музички и спортски развој.
Како изгледаше целиот процес и кои беа вашите задачи?
Сара: Конкретно за дизајн тимот, нашите обврски се состоеа од истражување на креативи за фестивали, креација на главниот постер и пропратни дизајни за активности и изведувачи што се во склоп на самиот фестивал. Лесно маневриравме низ задачите со помошта на нашиот ментор Дијана.
Марија: Целиот процес беше навистина креативен и забавен, бидејќи кога работиш за ваков тип на настан, идеите некако сами по себе си доаѓаат. Делот којшто требаше да се покрие од страна на маркетинг тимот се состоеше од креирање на целосна маркетинг стратетија која требаше да ја опфати целната публика до која требаше да се допре, каналите преку кои ќе се допре до истата, содржините на објавите на избраните канали и соодветниот стил на комуникација со целната публика. За самите креативни решенија (главен постер за настан, постери за изведувачи/активности и мокапи се погрижи колешката од Академијата за графички дизајн и можам да кажам дека заврши феноменална работа.
Сега кога веќе се реализираше и самиот настан When in Krusevo 2022, дали би можеле да ни раскажете како помина истиот и дали бевте вклучени во целата организација?
Марија: На наше огромно задоволство, не само што имавме шанса виртуело да го креираме решението за настанот, туку имавме можност истото и вистински да го „тестираме” на лице место. Покрај личната сатисфакција за креирање на победнично решение, од страна на организаторите Димитар и Антонио бевме лично поканети да бидеме гости за времетраењето на тридневниот фестивал и истовремено на свој начин да допринесеме за полесна организација на настанот.
Од она што имавме прилика да видиме, слушнеме и анализираме, When in Krusevo 2022 ги сруши сите досегашни рекорди на посетеност. Задоволувајќи ги и најспецифичните музички вкусови, нудејќи широк спектар на outdoor активности, воведувајќи новитет – трка на 5км, детски активности, кулинарски дегустации, Крушево во периодот од 24-26.06 претставуваше омилена дестинација за многумина. Од денешен аспект, слободно можеме да заклучиме дека целта на овој проект беше постигната и се радуваме на уште многу нови, идни уште поуспешни изданија на When in Krusevo.
Сара: Искуството е незаборавно, прво да ја имаме привилегијата да бидеме под менторство од професионалци што ќе ни помогнат да изработиме квалитетно решение, второ да сме дел од еден прекрасен тим со колеги од Академијата за дигитален маркетинг. Многу сме благодарни за шансата нашите идеи и знаење да ги примениме за да се оствари фестивал кој спојува луѓе од различни позадини за едно убаво искуство.
И за крај, што би им препорачале на оние коишто размислуваат за кариерна трансформација во оваа сфера?
Сара: Како студент на Академијата за графички дизајн, со цело срце му ја препорачувам на секој што се пронаоѓа во креативниот свет и сака да остави свој белег и помогне на општеството. Академијата ми помогна да се оформам како дизајнер и преку работа на вакви проекти се гледа нашиот импакт и колку сме потребни.
Марија: Никогаш не помислував дека би можела да работам нешто сосема поинакво од тоа за што сум студирала бидејќи свесно одбрав факултет којшто бараше доста посветеност, упорност и жртва. Едноставно со самата одлука за запишување на курс за дигитален маркетинг сфатив дека можеш да се пронајдеш себеси и во некоја друга сфера и да уживаш да работиш друга професија сосема поразлична од сѐ она што си работел претходно. Благодарение на самата Академија, како и на препораката којашто ја добив како награда за целокупниот вложен труд, мојата кариерна трансформација е веќе во тек. Никогаш не е касно да се пронајдеш себеси, одново и одново!
На Академијата за дигитален маркетинг и Академијата за графички дизајн постојано работиме на реални проекти за реални клиенти.
Доколку сакаш да станеш дел од успешните приказни на нашите студенти и да ги надградиш своите знаења и вештини, закажи информативен разговор со нашиот тим.
Уписите се започнати, резервирај го своето место навреме! Early bird понудата важи за ран упис до 15-ти август!