Запознајте ја Анита Прошева – алумни студент на Академијата за UX/UI дизајн, а воедно и една од студентите која покажа голема амбиција и одлични перформанси кои резултираа со успешно изработени проекти.

По завршувањето на Академијата, таа започна да ја гради својата кариера на практикантска позиција како UX/UI дизајнер, а сега веќе работи како Junior UX/UI Designer во компанијата Upped Events Inc.

 

Дознајте повеќе што ни раскажа Анита за нејзиното кариерно патување

 
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво, здраво. Јас сум Анита, живеам во Штип, со претходна кариера – архитект и сегашен UX/UI дизајнер.

 

Зошто баш UX/UI дизајн?

Со работата во областа на архитектура, имав многу предизвици со решавањето на проблеми во врска со самиот дизајн на објектот, градбата, материјалите и слично. Бидејќи UX/UI дизајнот се базира на решавање на проблемите на корисникот, многу брзо се пронајдов во тој дел. Одлуката за изучување на UX/UI дизајн беше многу брза и лесна, откако го завршив едномесечниот краток интро курс за Front-End (HTML, CSS) на Brainster. 

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата ги исполни моите очекувања во целост. Благодарение на Академијата запознав многу луѓе, многу карактери, со кои сум сѐ уште во контакт. Како некој кој единствено online учење му беше едномесечниот курс, бев позитивно изненадена од резултатите кои беа постигнати од моја страна, како и од страна на Академијата.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Најголем предизвик ми беше менаџирање на времето. Бидејќи работев полно работно време како проектант – архитект, следењето на часовите на Академијата и изработувањето на сите проекти, учествувањето на сите хакатони, беше доста напорно, но мислам дека целот труд се исплати. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Најинтересен модул ми беше Tools, но овде можам да го спомнам и Front-End модулот. Модулот за изучување на алатките ми беше посебно интересен бидејќи со нив најлесно и најбрзо може да ја претставиш замислата и идејата која ја имаш и да ја испрезентираш твојата работа.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како Junior UX/UI designer во компанијата Upped Events Inc. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Последните неколку недели од Академијата имав прилика да започнам како UX/UI intern во компанијата и паралелно да работам како проектант. Можноста за intern ми се пружи откако колега од Академијата веќе беше навлезен во тој дел и ми даде препорака. Претпоставував дека ќе биде напорен период, но финалните резултати за мене беа многу добри.

При добивање на информациите, стапив во контакт со компанијата, закажавме интервју, на кое имав прилика да претставам сработени проекти, како и веб страницата којашто ја изработив и беше целосно пуштена во функција. По првото интервју, продолжив со onboarding процес во компанијата и започнав со изработка на проекти. По завршување на позицијата како intern, работниот однос ми беше трансформиран во полно работно време како Junior UX/UI дизајнер.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користела?

Најчесто задача ми е да дизајнирам решение кое ќе ги реши и задоволи проблемите на клиентот, обработка на проекти со цел за подобрување на UI делот, како и project management. Најкористена алатка е Figma, која исто така е и една од моите омилени алакти за дизајн.

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?

За промена на кариера никогаш не е доцна!

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!