Brainster билтен: Новости од заедницата / Ноември 2022

Hello December! 🎅🎄

Како што се приближува крајот на 2022 година, многумина од нас размислуваат за свеж старт и нов почеток во новата година.

Без разлика дали станува збор за комплетна кариерна трансформација или надградување на своите вештини и знаења, на крајот сè се сведува на тоа да уживате во вашата професија и да го направите вистинскиот избор на кариера.

Опсесивната грижа кон нашите студенти резултираше со 28 вработувањa, 5 пракси, 16 реални проекти, 4 хакатони и 4 партнери за вработување во ноември.

Новостите од овој месец се однесуваат на: најголемиот Brainster хакатон, запознавањето со новите студенти, советите од нашите инструктори, модулите на академиите, новите реални проекти и вработувањата со кои беше награден трудот на студентите.

Spoiler alert: Искористи ја Early Bird понудата за упис која ја имаме на одредени Brainster Академии!

 

 

  • Се одржа најголемиот Brainster хакатон!

Повеќе од 125 учесници, поделени во 10 тимови, работеа напорно во нашите канцеларии и имаа една цел – за 48 часа да достават свои решенија за клиентот Redi Recycling. Со аплаузи, поддршка, многу позитивна енергија и смеа, студентите од 10 групи од Академијата за дигитален маркетинг, Академијата за графички дизајн, Академијата за UX/UI дизајн & Академијата за Project & Product менаџмент, ги презентираа финалните решенија и со тоа успешно се затвори најголемиот хакатон!

 

 

  • 48 часа што долго ќе се паметат!

Возбудливо, едукативно, зелено, забавно, енергично…Ова се зборовите со кои студентите од неколку Brainster академии го опишаа најголемиот live хакатон што се случуваше викендов во нашите канцеларии.Повеќе од 120 студенти и инструктори работеа на решение за мобилна апликација и интерна апликација за REDI – Roma Entrepreneurship Development Initiative  и REDI Recycling која ќе ја поврзе организацијата со домаќинствата и ќе им го организира и олесни пристапот до селектираниот отпад на нивните формални собирачи (зелените агенти). Дознај повеќе!

 

 

  • „Ви благодарам од сѐ срце, наклон до под за мозоците на иднината“

„Понатаму, смислував начин како да возвратам за сѐ што доживеав овие 48 часа. Па, така седнав и го напишав ова писмо, токму до вас Бреинстерци. Колку и да ме кочеше заморот да се фокусирам, собрав сили да ги протегнам мојата благодарност и понизност низ овие неколку збора, за шансата што ми дадовте да бидам дел од вашиот свет.“ Томас од REDI – Roma Entrepreneurship Development Initiative ни сподели писмо по завршувањето на најголемиот Brainster Хакатон. Дознај повеќе!

 

 

  • Запознај го тимот на Brainster!

Го создадовме блог серијалот „We are Brainster“ за да ви ги претставиме членовите на нашиот тим кои постојано се грижат за поквалитетна едукација и подобро искуството на студентите. Дознај повеќе што ни раскажаа:

  1. Даниела Василеска – дел од тимот на финансии и администрација
  2. Петар Трендафилов – Finance & Automation officer
  3. Дијана Димитриевска – Team Lead на дизајн тимот
  4. Александар Ѓурчевски – координатор во Co-innovation & Hiring

 

 

  • Програмирањето нѐ учи да размислуваме поинаку

„Што е она што се случува во мозокот на програмерите и дали функционира поразлично од оние кои не се? Зошто се вели дека програмирањето нѐ учи да размислуваме поинаку?“ Анета Димоска е Front-End developer во тимот на Brainster, која ни го сподели своето размислување на тема „Како програмирањето влијае на работата на мозокот?“ Дознај повеќе!

 

 

  • Функционално веб решение за модниот бренд ZANOV

Работата на реални проекти за реални клиенти е од непроценливо значење за искуството на студентите! Со таа цел, организиравме Cross-Academy Хакатон на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање, каде студентите имаа задача да изработат website со online shop за модниот бренд ZANOV. Дознај повеќе!

 

 

  • Content Marketing стратегија за Yes for Less

Студентите од Академијата за дигитален маркетинг имаа задача да работат на реален проект и да креираат Content Marketing стратегија за клиентот Yes for Less. Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Кристина Ставреска. Дознај повеќе!

 

 

  • 8 работи кои ги научивме од предавањето за проект менаџмент со Олга

Доколку не успеа да го следиш предавањето со Олга Пујаз Петрушевска – инструктор на Академијата за Project & Product Management, како и да ги дознаеш одговорите на овие прашања, ти ги пренесуваме 8-те најважни работи кои ги научивме на предавањето. Дознај повеќе!

 

 

  • Како Софија Дацева го направи првиот сладолед од вино?

Што е подобро сладолед или вино? Да се одговори на ова прашање, особено ако и двете ви се омилени е сигурно многу тешко. А зошто не и двете заедно? Токму ова ѝ успеа на компанијата Матриошка, која го произведува WICE – сладоледот со вино. Дизајнот на пакувањето, како и логото за овој уникатен производ се дело на студенти на Brainster. Дознај повеќе!

 

 

  • Запознај ги студентите

Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ти ги претставиме нашите нови студенти и нивните први впечатоци од Академиите. Прочитај повеќе за:

  1. Јован Размовски – студент на Академијата за Project & Product Management
  2. Марија Симовски – студент на Академијата за Project & Product Management
  3. Зорица Стаменковска – студент на Академијата за Project & Product Management
  4. Милка Пауновска – студент на Академијата за Project & Product Management
  5. Марија Матаничкова – студент на Академијата за дигитален маркетинг
  6. Марина Златеска Божиќ – студент на Академијата за дигитален маркетинг
  7. Тинка Џинева – студент на Академијата за дигитален маркетинг
  8. Андреа Таневски – студент на Академијата за Data Science
  9. Давид Богдановски – студент на Академијата за Data Science
  10. Лука Плушкоски – студент на Академијата за графички дизајн
  11. Христијан Јаневски – студент на Академијата за графички дизајн
  12. Ленче Симјаноска – студент на Академијата за човечки ресурси
  13. Алексеј Рашко – студент на Академијата за UX/UI дизајн

 

 

  • Запознај ги инструкторите

Прочитај повеќе за експертите, а воедно дел од инструкторскиот тим на Академијата за Project & Product Management кои ќе те водат низ процесот на твојата кариерна трансформација како Project & Product менаџер.

  1. Ана Јованова
  2. Александра Цветановска
  3. Марјан Ѓорѓиев

 

 

  • Запознај ги модулите

Дознај повеќе за модулите кои се изучуваат како дел од програмата на Академијата за Project & Product Management.

  1. Иницирање и планирање на проекти
  2. Циклус и фази на проектот и проектни методологии

 

 

  • Brainster инструкторите советуваат

Го создадовме блог серијалот „Brainster инструкторите советуваат“ за да ви ги претставиме инструкторите на нашите Академии и нивните совети за полесно совладување на програмата. Дознај ги советите од:

  1. Даринка Буровска – инструктор на Академијата за Project & Product Management
  2. Викторија Дамчевска – инструктор на Академијата за човечки ресурси
  3. Катерина Крстовска – инструктор на Академијата за Software Testing
  4. Димитри Желков – инструктор на Академијата за Software Testing
  5. Горјан Поповески – инструктор на Академијата за Data Science
  6. Александар Нофитоски – инструктор на Академијата за графички дизајн

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Мартин, Андреј, Катерина, Емилија, Тамара, Теодора, Ема, Ева и Бианка, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.



До следниот месец!

Тимот на Brainster ❤️

Related Stories For You