Запознај го Јован Размовски – студент на нашата Академија за Project & Product Management, кој реши да го надгради своето знаење и да научи како подобро да се постави во функција на тим лидер за време на проекти.

 

Студент: Јован Размовски

Академија: Академија за Project & Product менаџмент

Професија: Специјалист за осигурување

Од првиот час на Академијата паметам: Дека ми беше многу интересно.

Се решив да ја искористам есенва продуктивно и да научам: Како подобро да се поставам во ситуација на лидер на еден тим, со цел завршување на проекти.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Сметам дека имам добра основа и карактер за понатаму да бидам проектен менаџер.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Story writing

После предавањата секогаш: Излегувам од дома на мала прошетка.

Пред да се запишам, најмногу ме „плашеше“: Обемот на материјалот.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да учам и да се развивам во оваа област, додека сум на вакво работно место.

Оваа област за мене значи: Можност да работам нешто за кое сметам дека сум способен и притоа да ја покажам мојата работна навика.

Во слободно време: Слушам музика и одам на прошетки.

Сакам да читам: Најчесто, спортски статии или текстови поврзани со историја.

Сакам да гледам: Филмови и контент на YouTube поврзан со историја.

Омилен цитат: „Човек кој прашува прашање е будала за 5 минути, додека човек кој не поставува прашања е будала за цел живот.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! 

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!