Катерина Димевска е алумни студент од Академијата за Data Science, која собра храброст да излезе од комфорната зона и да направи комплетна кариерна трансформација во една од најпопуларните професии на денешницата.

Исто така, таа беше Dream Team студент, а еден од најпопуларните проекти на кои таа има работено е Завршниот проект: Author Detection (NLP).

По нејзиното комплетирање на програмата, таа се вработи како Data Analyst во компанијата InTec System.

 

Си поразговаравме со Катерина за нејзините студентски денови и новото работно место

 
Здраво Катерина, ние од Академијата за Data Science те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво, јас сум Катерина, амбициозна личност која обожава предизвици и детали. Личност што се води по тоа дека ако вложиш доволно, можеш да постигнеш многу, да не кажам сѐ.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ти си наш алумни студент кој постигна извонредни резултати! Да почнеме од почеток, како ти се роди желбата за Data Science?

Ви благодарам на честитките. Желбата која се роди пред сѐ, беше за да добијам поинаква слика за аналитичкиот процес, да научам што сѐ се крие зад бројките, каква сѐ приказна можат да ни раскажат ако добро ги поврземе и колку подлабокото може да се изанализира еден сет со навидум неповрзани податоци. Подоцна, по мало пребарување, сфатив дека Академијата за Data Science е патот кон кој сакам да се насочам.

 

Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување. На што најмногу се гордееш со себе?

Најмногу се гордеам на фактот што собрав храброст да направам целосна кариерна трансформација и после 8 години да излезам од лабораторија, да видам што има надвор од комфорната зона. Секако, огромната поддршка од блиските луѓе беше од голема помош.

 

Дел од интензивната програма на оваа Академија е работата на реални проекти за реални клиенти кои бараат многу посветеност и време за учење. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Според мене, посветеноста е клучот на успехот. Доколку запнеш и го „загрееш столчето“, сѐ можеш да постигнеш. Сметам дека интензивната посветеност на реалните проекти ни даде слика за начинот на работа во индустријата, а самиот проект дава мотивација да дадеш сѐ од себе, да го изработиш решението што е можно подобро и поквалитетно. Нормално, тука се и менторите кои несебично ни ја дадоа нивната поддршка и го споделија знаењето на најдобар можен начин.

 

Кој модул ти беше најинтересен, а кој бараше поголем фокус и ти создаваше предизвици? 

Најинтересен модул? Сите модули беа интересни на свој начин. Ако би требала да издвојам некој, би го одбрала модулот во кој изучувавме Python бидејќи ми даде поинаква слика за сите поврзувања, од користење на датабази за да извадиме податоци, до процесирање на истите, користејќи различни начини и библиотеки за да ги направиме анализите подетални и попрецизни. Најголем фокус ми бараше модулот за Big Data, најверојато поради паузата која ја имавме пред модулот. Најголеми предизвици беа и останаа модулите за Data Warehouse и PowerBI поради големата желба подетално да ги научам, наспроти краткото време кое го имавме за да ги поминеме истите.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата InTec System. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

Компанијата постои околу 20 години и воглавно се занимава со поддршка и обработка на датабази, визуелизација и cyber security.

 

Како изгледа еден ден во животот на Data Analyst ?

Денот ни започнува со утринско кафе и планирање на обврските, по кое започнуваме со дневните анализи и клиентски побарувања.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Работата се заснова на обработка на податоци преку SQL и визуелизација на истите преку PowerBI.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Кој е твојот совет до сите оние коишто размислуваат да започнат да учат Data Science и што би кажала за кариерните можности кои ги нуди оваа област?

Мојот совет е: Доколку сте аналитични личности кои се стремат кон нови искуства и знаења, не се двоумете да започнете со изучување на Академијата за Data Science. На почетокот можеби ќе ве исплаши обемот на материјалот, но тимот на Brainster се има погрижено да ви пружи добра основа за почеток на кариерна промена.

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за Data Science работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!