Димитри Желков е инструктор на нашата Академија за Software Testing кој го предава модулот „Автоматско тестирање“.

За себе ни кажа дека е многу љубопитна личност, која секогаш се интересира за идеите на другите и се труди да ги ислуша. Смета дека секогаш треба да се споделува знаењето бидејќи при тој процес се слушаат најразлични идеи и секогаш може да се „запали некоја нова сијаличка“.

 

Во продолжение, Димитри ни откри што се учи на модулот кој тој го предава, како и совети за успешно совладување на истиот

 

1. Здраво Димитри, ние на Академија за Software Testing те познаваме, но што би споделил за идните студенти? Кој е Димитри?

Здраво! Јас сум Димитри и сум во QA областа веќе 5 години. Се сметам за креативна личност, па затоа и влегов во ИТ индустријата како Quality Assurance Engineer. Во оваа област, инвентивноста може многу да ви помогне, бидејќи станува збор за истражување на тоа како работат самите апликации и осигурување дека сите функционалности работат како што треба. Самото поле во кое работам јас е автоматизација, што уште повеќе ми прилега бидејќи креативноста можам да ја изразам и низ кодовите и скриптите кои ги пишувам.

 

2. Што ќе имаат можност да научат студентите на модулот кој го предаваш? И зошто е важно да го совладаат овој модул?

Модулот кој јас го предавам е автоматско тестирање. Во него ќе изучуваме како да пишуваме автоматски скрипти и кодови кои ќе ни овозможат да ги провериме функционалностите на самите апликации дури и кога не сме пред компјутер, но исто така, со ова се намалува ефектот на човечка грешка која може да се јави поради умор, стрес, брзање итн. Освен што се намалува стапката на грешки, исто така и се убрзува самиот процес на проверка на квалитет неколку пати, што ќе ни овозможи да бидеме поефективни. Со мене ќе студентите ќе поминат автоматизација на веб и мобилни апликации.

 

3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот?

Секогаш да ги кажувате своите идеи, и да не дозволите искуствата на посениорните колеги да ги стишат вашите гласови. Не можам доволно да го нагласам ова, а е посебно битно во QA индустријата, каде што новите планови можат многу да значат и да ја забрзаат работата. Многу пати сум видел млади таленти со многу иновативни идеи, да бидат стишани од „посениорите“, за потоа никогаш да не излезат со своите генијални мисли. Ако ви ја одбијат идејата, прашајте зошто, и видете како би можеле да ја подобрите!

 

4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?

  • Trust yourself, your gut sometimes trumps experience.
  • Make sure others hear you ideas, don’t let seniority silence you.
  • QA is much more than just testing, it is a whole process, testing is just one stage of it. (You are more than just a tester).
  • QAs are not the “bad people”, we are not gatekeepers. We are informers, we help the team find where an issue might arise so that we can fix it ahead of time!

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.