Запознај ја Ема Симоска – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање која реши да ги надгради своите вештини и знаења.

По комплетирањето на програмата, Ема ја започна својата кариера како Junior Front-End Developer во компанијата Infinity Energy ITSS.

 

Си поразговаравме со Ема за нејзиното кариерно патување

 
Здраво Ема! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за Front-End програмирање те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво, ви благодарам за честитките! Јас сум Ема и за себе би кажала дека сум тип на личност на која од големо значење и е уживањето во работата.

 

Зошто баш Front-End програмирање?

Кога почнав да истражувам што се учи на академиите, Front-End програмирањето најмногу ми го задржи интересот, иако немав најпрецизна претстава што сѐ спаѓа тука. Како што ги поминувавме модулите, кодирањето стануваше сѐ поинтересно и секако, попредизвикувачко. Па, така после релативно кратко време сфатив дека сум ја донела правилната одлука со запишувањето на токму оваа Академија.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Front-End програмирање. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

За Академијата имам само пофални зборови, одлично е тоа што технологиите што се учат се потполно up to date, менторите се многу пристапни и пријателски настроени, како и максимално посветени да го пренесат своето знаење најдобро што може. За само 12 месеци, Академијата нѐ подготви за кариера, така што да кажам дека ги ,,исполни’’ моите очекувања ќе биде дури мал збор.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Не би можела да кажам само еден модул бидејќи секој од модулите што ги учевме беа интересни, но би ги издвоила JavaScript, поради тоа што всушност тука почна динамиката и интересно беше кога гледаш што сѐ може да се имплементира на еден website. Исто така, React затоа што поседува уникатни карактеристики и функционалности што ја прават задачата на developer-от многу поедноставна и побрза.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за Front-End програмирање започна да ја градиш својата кариера како Frontend Developer во компанијата Infinity Energy ITSS. Каков беше процесот за да стигнеш до тука? 

Најмногу ми помогнаа реалните проекти преку кои можев добро да го извежбам сѐ она што сме го поминале за време на предавањата и работилниците. Со тоа се почувствував спремна за работа, а Infinity Energy ITSS ми ја пружи токму таа прилика да ја започнам својата кариера како Front-end Developer на junior-ска позиција во речиси идеална работна атмосфера со многу забавни колеги. При процесот на двете interview-а, од кои едното со HR, а второто техничко, ме проценија како доволно компетентна за оваа позиција.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад програмер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

На работното место од мене се очекува да ги завршувам задачите кои ми се зададени во одреден рок, меѓутоа во целиот тој процес не сум оставена сама на себе и имам одлични тим и тим лидер на кои можам да им се обратам за помош кога и да ми е потребно.

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Front-End програмирање?

Би ги охрабрила сите оние кои се мислат да направат кариерна промена во оваа сфера да го направат тоа, бидејќи Академијата нуди одлична програма, не е потребно предзнаење, и е доста прилагодена секој да може успешно да го совлада материјалот што се изучува, како и барањата.

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Front-end програмирање.

На Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!