Марјан Ѓорѓиев е нашиот нов инструктор на Академијата за Project & Product Management. Тој е IT Project Manager со повеќе од 15 години работно искуство во областа. Работи во Seavus – Aricoma Group, компанија за развој на софтвер и консултантски услуги.

За себе ни раскажа дека има исполнети амбиции за професионален развој. Работењето во неколку различни компании било огромна инспирација за него. Мотивираноста да учи, да организира, да постигнува резултати и континуирано да се подобрува, била директно предизвикана од менторите кои ги имал во различни периоди, од работењето на различни проекти и соработката со клиентите со кои работел и комуницирал секојдневно.

Вели дека, неговиот пат бил и сé уште е проследен со многу учење, максимално вложено време, добиено знаење, длабок личен однос и пред сé, љубов.

 

Запознајте го Марјан – инструктор на нашата Академија за Project & Product Management

 

Име и презиме: Марјан Ѓорѓиев

Академија: Академија за Project & Product Management

Модул: Иницирање и планирање на проекти и Буџетирање на проекти и закажување на активности;

Професија: IT Project Manager

Искуство: 15 години

Зошто баш Project & Product Management: Работата во оваа индустрија е динамична и секој нов ден е исполнет со најразлични предизвици. Активностите кои се поврзани со организацијата на проекти, имплементацијата на решенија за клиентите, остварувањето на нивните бизнис идеи, како и комуникацијата, се основните принципи на работа. Тука е потребно брзо прилагодување и изнаоѓање на решенија на секојдневните нови предизвици, а тоа ни нуди постојана можност да ја искажеме својата креативност и иновативност.

Хоби: Project Management 🙂 

Омилена книга: Guide to the Project Management Body of Knowledge

Омилен цитат: “Можам да научам некого на нешто, само доколку му помогнам да го открие тоа нешто во себе.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!