Бианка Бојковска е алумни студент на Академијата за графички дизајн, а воедно и Dream Team студент за месец март 2022.
Таа е креативна и амбициозна личност, чија желба е постојано надградување на своите знаења и вештини.
По завршувањето на Академијата за графички дизајн, започна да ја гради својата кариера како графички дизајнер на практикантска позиција во дизајн тимот на Brainster.
Си поразговаравме со Бианка за нејзината улога во нашиот дизајн тим
Како би можеле да те претставиме на читателите – Која е Бианка?
Друштвена и динамична личност со авантуристички дух и уметничко око.
Ти си наш студент од Академијата за графички дизајн. Како ни дојде во Brainster?
Медиумската покриеност на Brainster е доста голема, а воедно читајќи и слушајќи ги личните искуства на Brainster алумните и моите пријатели, ме инспирираа да ги надградам моите знаења и вештини со оваа Академија.
Зошто баш графички дизајн?
Тргнав од онаа мудрост – одбери за животна кариера, дејност која ќе ти претставува задоволство како хоби и секогаш ќе ја сакаш својата работа.
Својата кариера како графички дизајнер ја започна токму во Brainster на практикантска позиција. Раскажи ни го твоето кариерно патување.
Трудот и посветеноста се оние кои ме доведоа дотука. Одговарав на сѐ она што ќе ни се дадеше како задача или проект (дали индивидуално или во тим), ги прифаќав советите и сугестиите на менторите и внимавав на роковите на доставување на крајниот продукт. Така успеав да ги истакнам трудот и креативноста.
Како изгледа еден работен ден на еден графички дизајнер? Кои се твоите главни задачи и обврски?
Поради моите обврски како студент, а воедно и практикант, морам да најдам баланс со кој ќе можам да ги завршам сите задачи во соодветно време. Во текот на денот имаме meeting со дизајн тимот, работиме на задачите, покрај тоа слушам и предавања на факултет и ги исполнувам обврските таму. Со добар план и менаџирање на времето, сѐ се постигнува.
Опиши ни ја атмосферата во дизајн тимот.
Лично многу сум задоволна од соработката во дизајн тимот. Постојано комуницираме меѓусебно, споделуваме мислења и сугестии, си помагаме, правиме brainstorming сесии. Како практикант, можам да кажам дека сите во тимот имаат потполно разбирање за истата позиција, многу ми помагаат и многу учам од нив.
Кој е најголемиот предизвик со којшто се имаш соочено досега? Која е тајната за надминување на предизвиците?
Постојано се соочувам со предизвици и токму тоа е основниот двигател во творењето и изразување на креативноста. Мој личен предизвик се целите кои си ги поставив, да ги остварам, да напредувам и да уживам во тоа што го творам.
Омилен модул и зошто?
Мислам дека би го одбрала модулот „Постер Дизајн“ под менторство на Иван Дургутовски. Тоа ни беше модул каде што за прв пат требаше да ги примениме нашите вештини и знаења во проект со реален клиент. Менторот одлично нѐ водеше низ целиот проект, за на крај да изработиме прекул постери.
Најважна лекција што ја научи на Академијата за графички дизајн?
Најважна лекција научена на Академијата ми е спојот на графиката, информатиката и креативноста, со максимална вложеност, труд и посветеност. Да истражуваш, да се надградуваш, постојано да учиш…
За крај – твој совет до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена во насока на графички дизајн?
Совет, ако си креативна личност, имаш око за цртање и колорит, имаш познавање на компјутери и искористување на сите ресурси што информатиката ни ги овозможува, без двоумење одбери графички дизајн и вложи во својот бизнис.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!