Со одлуката за кариерна промена се отвараат нови можности

Емилија Момировска е алумни студент на Академијата за Software Testing, а воедно и Dream Team студент од месец март.
Нејзината максимална посветеност и дисциплина резултираа со кариерна трансформација и ново работно место како QA Tester во White Hat Gaming.
Во продолжение, си поразговаравме со Емилија за нејзиното искуство
Здраво Емилија, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите?
Здраво на сите! Јас сум Емилија Момировска од Скопје. Имам завршено Економски факултет и имам повеќе од 10 години работно искуство во банка. Љубител на природа, планинарење и јога.
Животниот пат ме одведе во Малта, каде живеев 3 години и каде за првпат ми се појави желбата за кариерна промена. Таму беше доста застапена iGaming индустријата (во која област е и фирмата каде што сега работам) и по даден совет одбрав да се запишам на Академија за Software Testing како добар почеток за навлегување во ИТ индустријата, воедно и големата побарувачка за овој кадар.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Со оглед на тоа дека немав допирна точка со ИТ светот и ми беше голем предизвик, Академијата за Software Testing ги исполни моите очекувања. Доста интензивна програма, инструктори кои ни го пренесоа своето знаење на предавањата, каде имаше и доста интеракција на часовите. Исто така, одлична дружба и запознавање на многу луѓе од различни профили, вежби, домашни задачи, како и можност за работа на реални проекти и учество на хакатон. Во глобала, одлична основа со која можеш да навлезеш во ИТ светот, но дефинитивно си бара многу посветеност и упорност.
Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
За секоја работа се потребни сериозност и посветеност. Од самиот почеток, бев максимално посветена со присуство на сите предавања и тековно завршување на зададените задачи. Беше навистина предизвик моментот на работа на реалните проекти, исто така и учеството на хакатонот. Успешното совладување на модулите и постигнатите резултати ми даваат дополнително мотивација за понатамошен раст и успех.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата White Hat Gaming. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
Основана во 2012 година, White Hat Gaming (WHG) е компанија за технологија и услуги за онлајн казино со канцеларии во Малта, Лондон, Гибралтар, Чикаго и Кејп Таун. Со глобален тим од над 550 специјалисти, обезбедуваат содржини водечки на пазарот, вклучително и Kambi Sportsbook и преку 100 водечки провајдери на игри.
Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден? Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Мојата работна позиција е QA тестер. Денот започнува со кратки дневни состаноци каде се разгледуваа она што е сработено, како и тековните обврски за денот. Се работи со Jira. Воглавно, има постоечки тест план и сценарио со test кејсови, каде мојата работа е мануелно тестирање. Извршување на тестовите за игрите и производите на White Hat Studios, за да се обезбеди високо ниво на квалитет и усогласеност пред пуштањето во продукција. Исто така, дел од моите обврски се: пронаоѓање, репродукција и пријавување дефекти, проследено со проверка на поврзаните поправки. Како и соработка со развојните тимови со цел осигурување дека проблемите се решени на ефективен начин.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?
Ви Благодарам. Одлуката за кариерна промена секако не е лесна, но се отвараат нови предизвици и можности каде со голема посветеност и упорност се постигнува посакуваната цел. Академијата за Software Testing е одличен чекор за навлегување во ИТ индустријата без разлика на вашето претходно искуство и знаење.
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!