Запознај ги модулите – Иницирање и планирање на проекти

Креирањето на наставната програма на Академијата за Project & Product Management, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.
Во оваа блог објава, ќе се запознаеш со модулот – Иницирање и планирање на проекти, каде ќе ги дознаеш клучните улоги и одговорности на проектниот менаџер и проектниот тим.
Марјан Ѓорѓиев е нашиот инструктор на Академијата за Project & Product Management кој го предава овој модул.
Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Иницирање и планирање на проекти:
Што се изучува на модулот?
Во овој модул, ќе ги дознаеш клучните улоги и одговорности на проектниот менаџер и проектниот тим. Исто така, ќе научиш како да одговориш на некои клучни прашања однапред кои ќе ти помогнат да ги исполниш целите на проектот, како што се: Што ќе постигне овој проект? Која е неговата цел? Зошто е важен овој проект? Кој ќе има корист од истиот?
Зошто е важно да се изучува овој модул?
Секој модул се поврзува со знаењето од претходниот модул, особено затоа што тука веќе студентите во групи работат на нивен проект или бизнис идеја преку која ги изучуваат сите фази на проeктното менаџирање. Тука ќе се стекнеш со знаење за како се иницира еден проект и како почнува да се планира.
Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?
Не постои проект кој не започнува тука, така што ова е првата станица за секој проектен менаџер. Во оваа фаза, треба да се постават многу работи за проектот да функцинира непречено.
Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на истиот?
Студентите почнуваат со работа во групи која продолжува на сите модули понатаму до крајот на Академијата. Пишуваат нивен проект зададен од страна на инструкторот во првата целина и понатаму после секоја целина од модулут го надградуваат и нивниот проект.
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!