Запознај ја Марина Златеска Божиќ – студент на Академијата за дигитален маркетинг, која со нетрпение чека да започнат часовите за SEO, WordPress & Social Media Marketing.
Студент: Марина Златеска Божиќ
Академија: Академија за дигитален маркетинг
Професија: Дипломиран економист, а работам како chat & e-mail support.
Од првиот час на Академијата паметам: Запознавањето и претставувањето со другите студенти. Нивната мотивација, зошто се одлучиле за Brainster, зошто баш дигитален маркетинг и со што се занимаваат. Додека пак, најголем впечаток ми остави запознавањето со инструкторскиот тим во просториите на Brainster, како и љубезното добредојде од страна на целиот тим.
Се решив да ја искористам есенва продуктивно и да научам: Како се прават успешни маркетинг кампањи за странски и домашни фирми. Исто така, WordPress, SEO, Social Media Marketing & Advertising.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Е една од најбараните професии на пазарот на труд, поврзана со моето претходно работно искуство, и едноставно можам да се пронајдам и сметам дека припаѓам во оваа област.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: SEO, WordPress & Social Media Marketing.
После предавањата секогаш: Ги прегледувам видеата уште еднаш, ги запишувам важните работи кои сме ги учеле, и ако нешто не ми е јасно, наредниот час го прашувам инструкторот да ми објасни.
Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Случајно да не немам време да ги извршувам зададените задачи навреме, со оглед на тоа што работам и учам.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да отворам сопствена фирма во која ќе го водам маркетинг сама или пак да работам како фриленсер.
Оваа област за мене значи: Доквалификација која ќе ми ги отвори вратите кон поголеми успеси во мојата кариера, како и подетално учење и навлегување во сферата на дигиталниот свет.
Во слободно време: Најчесто посетувам настани со рок музика заедно со друштвото, вежбам аеробик во домашни услови, читам книги и патувам.
Сакам да читам: Мотивациони и психолошки книги
Сакам да гледам: Серии од типот на Stranger Things, Vikings, House of the Dragon…
Омилен цитат: “I will find a way, or I will make one.”
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!