Катерина Крстовска е инструктор на нашата Академија за Software Testing, која ги предава модулите: SCRUM, SQL, Linux, Manual Testing и REST API.

Таа ни раскажа дека ужива во секој момент од нејзината работа, постојано го споделува своето искуство на предавањата и сака да го извлече најдоброто од студентите.

 

Во продолжение, Катерина ни откри што се учи на модулите кои таа ги предава, како и совети за успешно совладување на истите 

 

1. Здраво Кате, ние на Академија за Software Testing те познаваме, но што би споделила за идните студенти? Која е Кате?

Личност која ужива во секој момент од работата! Инаку, работам како сертифициран QA инженер во една компанија од Данска со канцеларии во Скопје. Како дел од Бреинстер сум веќе неколку години, уште од самиот почеток на Академијата за Софтвер Тестинг, на која предавам повеќе модули како што се SCRUM, SQL, Linux, Manual Testing и REST API.

 

2. Како еден од пообемните модули на кои предаваш е модулот Манулено тестирање. Зошто е важно да се совлада истиот?

Модулот за мануелно тестирање е еден од најкруцијалните модули и истиот ја претставува основата на тестирањето. Сè почнува од овде, па понатака само се прави надградување на оваа основна, но tricky вештина.

Зошто е tricky? Затоа што мора да размислите на сите сценарија кои би ги искористиле за тестирање на една апликација, како би ѝ пристапиле од технички аспект и како би ѝ пристапиле и како краен корисник.

Во текот на овој модул се учат основите на тестирање, типови и нивоа, многу техники кои помагаат во тестирањето, ефективно пишување и извршување на тест кејсови и пишување на детални дефект репорти.

Имаме теоретски дел – запознавање, и практичен дел – задачи и тестирање на реален проект во кој практично студентите ќе го искористат претходното стекнато знаење. И на крај, го завршуваме модулот со Хакатон, во кој студентите се натпреваруваат меѓу себе и ги презентираат своите сработени задачи.

 

3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот?

Од досегашното искуство, можам да кажам дека најлесно поминуваат студентите кои не се воздржуваат да прашаат доколку имаат некои нејасни работи. Така што, користете ги асистентите и инструкторите за сите нејаснотии. Совладајте го најпрвин теоретскиот дел, бидејќи е исто толку битен како и практичниот. Доколку имате дополнително време за работа, читајте по блогови, гледајте видеа, вежбајте дополнителни задачи или едноставно истражете некоја нова алатка за тестирање.

Исто така, одлучете дали ова е кариера за вас. Доколку одговорот е ДА, тогаш истражете што е во тренд: алатки, техники или програмски јазик и почнете да го изучувате – или наједноставно, оставете ние да го одлучиме тоа за вас и верувајте му на целиот процес кој Академијата го нуди.

 

4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?

  1. Направете план за работа и држете се до него – бидете организирани!
  2. Комуницирајте со луѓето околу вас, сигурно ќе ви помогнат барем да почнете да размислувате за некои нови работи кои ќе ви ја поедностават работата.
  3. Ризикувајте – направете го она што вообичаено не би се осмелиле!
  4. Ако наидете на пречка, не се откажувајте, туку пробајте да ја надминете!

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!