Не се откажувајте кога нешто не ви е јасно

Даринка Буровска е инструктор на нашата Академија за Project & Product менаџмент, која ги предава модулите „Развој базиран на хипотези“ и „Лансирање и мерење на продуктот“.
Таа ни раскажа дека особено ѝ е драго и ја исполнува кога студентите се активни на live сесиите и ја „бомбардираат“ со прашања и идеи. На тој начин можела да ја почувствува нивната желба и пасија за ново знаење.
Во продолжение, Даринка ни откри што се учи на модулите кои таа ги предава, како и совети за успешно совладување на истите
1. Здраво Даринка, ние на Академијата за Project & Product менаџмент те познаваме, но што би споделила за идните студенти? Која e Даринка?
Даринка е Product Manager во hyper-growth startup во Берлин. Во нејзините 5 години искуство во Product Management, таа има работено на B2B и B2B2C продукти, од лансирање на нов продукт, до менаџирање на продукт со повеќе од 1 милион корисници.
Во последните 2 години, нејзиниот фокус е Итеративен процес на градење на продукт, влучувајќи фокусиран Product Discovery и User Research, поставување на хипотези врз база на постоечки податоци за корисниците (Data Analysis), мерење и итерации врз база на KPIs и други итеративни методологии.
Покрај сите методологии, од посебен интерес е делот на User Research или разговарање со корисниците, со цел да се истражи проблемот и да се најде најдобро решение.
Исто така, Даринка е дипломиран инженер на ФИНКИ и има завршено магистерски студии во Англија, во областа на претпримништво и менаџмент на иновации. Даринка заврши нано-специјализација за Data Product manager на Udacity и има сертификат за Design Thinking од програмата на МИТ.
2. Што ќе имаат можност да научат студентите на модулите кои ги предаваш?
На Академија за Project & Product менаџмент предавам 2 модули. Во модулот „Развој базиран на хипотези” студентите ќе се запознаат со процесот на итеративен развој на продукт и неговата практична примена во развивање на продуктот, со цел да се максимизира вредноста која ја добива корисникот, а притоа да се инвестираат соодветни ресурси на функционалностите со најголема вредност.
Исто така, ќе научиме како да поставуваме хипотези за тестирање на продукт, алатки за А/Б тестирање и дефинирање на стратегија за собирање на податоци за валидација на функционалностите. На крај, ќе се запознаеме со алатките за истражување: Корисничко интервју (User interview), Експлоративна работилница (Exploration “Workshop”), 5-Зошто (The 5 “WHYs”) и слични алатки.
Во модулот „Лансирање и мерење на продуктот” ќе научиме за поставување и пресметување на клучните индикатори за успех (KPI). Исто така, ќе научиме повеќе за конверзија на корисници во нивната корисничка турнеја или таканаречена инка (funnel), и како да ги сегментираме корисничките податоци и да анализираме како типовите на однесувања и карактеристики на корисникот може да се користат во анализа на корисничките сегменти.
3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот?
Секој нов почеток е тежок, но најдоброто следува на крај. Така што, не се откажувајте кога нешто не ви е јасно и мислите дека никогаш нема да го научите, бидејќи точно во тој момент, вие сте на вистинскиот пат.
4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?
- Don’t give up when it’s hard. The best things start from the hard times.
- Stay consistent. Consistency is key.
- Stay disciplined. Discipline will take you far.
- Fail fast, learn fast. Every failure is one step closer to success.
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!