Креирањето на наставната програма на Академијата за Project & Product Management, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаеш со модулот – Циклус и фази на проектот и проектни методологии, каде ќе дознаеш какви активности вклучува секоја фаза од проектите и зошто е важно да се комплетира секој пред да се премине на следната.

Огнен Трипуноски е нашиот инструктор на Академијата за Project & Product Management кој го предава овој модул.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Циклус и фази на проектот и проектни методологии:

 

Што се изучува на модулот?

Тука студентите се запознаваат со фазите на циклусот на еден проект, какви активности вклучува секоја фаза и зошто е важно да се комплетира секој пред да се премине на следната. Исто така, ќе бидат претставени повеќе различни методологии и пристапи за менаџирање на проекти со фокус на агилен проектен менаџмент и посебно Scrum рамката.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Важноста на овој модул е во тоа што студентите добиваат знаење за целосната структура и големата слика за понатамошното изучување на проектен менаџмент. Исто така, се запознаваат со нови методологии кои подоцна и ги имплементираат во работата на нивните проекти во склоп на Академијата. 

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Можеби еден од модулите без чие совладување не може да се продолжи понатака. Студентите во овој модул се запознаваат со проектниот менаџмент, а задачата на другите модули е секој сегмент оттука убаво да се проучи и поткрепи со практични примери и вежби.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Со изучување на останатите модули, сите студенти имаат можност на промена на кариера или отпочнување кариера како проектни менаџери, проектни асистенти, координатори во најразлични комании и сл.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на истиот?

Продолжуваме со мини проектите од секојдневен живот на студентите како што правевме на првиот модул и тука го изучуваме процесот на подготовка на project charter и креирање дефиниција за проектот.

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!