Викторија Дамчевска е инструктор на нашата Академија за Човечки Ресурси која го предава модулот „Управување со перформансите на вработените“.

Таа ни раскажа дека, огромна е привилегијата кога учествуваш во промената на животите на студентите и го споделуваш своето знаење. Исто така, ни сподели дека секогаш е достапна за сите сегашни, идни и алумни студенти, па доколку на некој му треба совет, мислење, па макар и разговор, она е тука за сите.

 

Во продолжение, Викторија ни откри што се учи на модулот кој таа го предава, како и совети за успешно совладување на истиот

 

1. Здраво Викторија, ние на Академијата за Човечки Ресурси те познаваме, но што би споделила за идните студенти?

Здраво! 🙂 Јас сум Викторија Дамчевска и работам како Head of People Operations во ИТ компанијата ГрабИТ. Имам повеќегодишно работно искуство во HR секторот, кое опфаќа повеќе сегменти: регрутација и селекција, перформанс менаџмент, кариерно планирање и мотивација.

Во оваа професија се заљубив пред 8 години кога и одлучив да ги продолжам моите студии со ставање фокус на HR и организациската психологија и можам да кажам дека таа љубов и страст сѐ уште е исто толку присутна кај мене.

Покрај мојата работа, пишувам и блог на теми кои се поврзани со мојата работа, а од пред една година работам и како инструктор на Академијата за Човечки Ресурси на Brainster.

 

2. Што ќе имаат можност да научат студентите на модулот кој ги предаваш?

На Академијата го предавам модулот „Управување со перформансите на вработените“. Цврсто сум убедена дека овој модул е навистина значаен и опфаќа многу аспекти кои се од клучно значење во работата на секој HR менаџер.

Во текот на овој модул се тргнува од перформанс менаџментот воопшто, неговата генерална слика, неговите поедини делови, поставувањето на цели и метрики за мерење на перформансот, за на крај да се обрне повеќе внимание на индивидуата во самиот перформанс менаџмент процес: на вработениот и на менаџерот, како и на сите психолошки аспекти кои играат улога во давањето и примањето фидбек.

Модулот содржи голем број практични совети, како и огромен број вежби преку кои студентите имаат можност да научат како да го применат наученото на интересен и интерактивен начин.

 

3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот?

Не би кажала дека сум јас главниот виновник зад успехот, но би споделила дека успехот зад Академијата е споделен помеѓу трудот кој го вложуваат инструкторите и енергијата и желбата за учење од страна на студентите. Академијата е доста обемна и ќе имаат шанса да се стекнат со најшироки, но и најспецифични знаења, па мојот совет е да го искористат токму тоа – достапноста на инструкторите да го споделат несебично своето знаење.

Ако зборувам од мое лично искуство, мене уште повеќе ме мотивира да бидат моите часови поинтересни и поинформативни кога гледам дека со студентите ја делиме истата љубов спрема оваа професија. И, се разбира, да се трудат да бидат што е можно повеќе информирани и да бидат во чекор со новите случувања и иновации во оваа професија. Сегашниот свет, медиумите, мрежите и достапноста на информациите барем го олеснуваат тоа.

 

 4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?
  • Светот е динамичен, HR менаџерите треба да држат чекор со промените. 
  • Имањето емпатија е клучно за работењето на оваа позиција. 
  • Постојаното истражување, креативнота, љубовта кон работата и желбата да се стане сѐ подобар се важни за секоја позиција, а особено за оваа. 
  • Повеќето компании имаат потреба од HR менаџер. Изберете мудро во која компанија ќе ја градите својата кариера, за вашите вредности да се поклопат со тие на компанијата. 

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!