Дизајнот го гледаме во сѐ она што нѐ опкружува | Brainster

Дизајнот го гледаме во сѐ она што нѐ опкружува

Запознај ја Тамара Митева – алумни студент на Академијата за графички дизајн, која се вработи како графички дизајнер во Montenegro Marketi.

Таа ни сподели дека за успешно совладување на програмата потребни се: креативност, посветеност и дисциплина.

 

Си поразговаравме со Тамара за нејзиното искуство

 
Здраво Тамара, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво, Јас сум Тамара – млад дизајнер и студент на Економскиот факултет. Мотивирана, амбициозна и посветена на секое полe во животот. Личност која стои позади инстаграм профилот tamara_diary за дигитални илустрации и која презема акции за остварување на своите соништа.

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?

На почеток, љубопитноста за истражување нова вештина, а сега веќе кога знам и го гледам својот дизајн во облик, таа радост не се заменува за ништо на светот.

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Секако! За една врвна Академија за графички дизајн како што е вашата, која нуди професионално знаење, имаше периоди каде што беше напорно, но со редовност и посветеност ги совладував сите предизвици.

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн? 

Креативност, посветеност и дисциплина.

 

Почетокот на твојата кариера како графички дизајнер ја започна во Montenegro Marketi. Раскажи ни како изгледа работен ден?

Моите почетоци ги бележам во фирмата Монтенегро Маркети. Мојата работа како графички дизајнер се состои од изработка на рекламен материјал, дизајн на амбалажи, на флаери, на постови за социјални медиуми и други форми на дизајн. Мојот ден започнува со добра музика и медитација и продолжува со дизајн, дизајн, дизајн.

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

Дизајнот го гледаме во сѐ она што нѐ опкружува, а најдобрата страна е што своите мисли и чувства ги преточуваме во визуелна порака.

 

Што би ни споделила за модулите? Имаше ли омилен?

Буквално сите! Оваа прилика би се заблагодарила на сите ментори од Академијата и огромна благодарност до Бане и Иван кои ме научиjа што значи да си ја сакаш работата која ја работиш.

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор?   

Следејќи го внатрешното чувство се најдов на оваа Академија. Така што, сите веќе кои размислуваат да се запишат ги охрабрувам да си дадат шанса и да ја искористат можноста.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!



|