Запознај ја Марија Симоски – студент на нашата Академија за Project & Product Management, а воедно и Dream Team студент за месец октомври 2022.

 

Студент: Марија Симоски

Академија: Академија за Project & Product менаџмент

Професија: Економист

Од првиот час на Академијата го паметам: Запознавањето со останатите членови на Академијата и различните искуства кои секој ги носи со себе, како даваат различна перспектива на една иста тема.

Се решив да ја искористам есенва продуктивно и да научам: Да излезам од секојдневните теми на работа, но во исто време со стекнатото знаење да можам да го подобрам работењето и попрофесионално да пристапам кон предизвиците.

Ја одбрав оваа област бидејќи: После направената анализа и истражување, разбрав дека има употребна вредност во секоја организација и би имала бенефити во тековната работа.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Буџетирање на проекти. Имам некакво искуство, но би сакала да го поминам и делот на теорија и пракса, за да се запознаам со повеќе детали.

После предавањата секогаш: Сакам да излезам надвор и ми е супер начин за да ги испроцесирам сите корисни информации кои сме ги разговарале на предавањето.

Пред да се запишам, најмногу ме „плашеше“: Можеби предизвикот поврзан со тоа дали ќе успеам да ги изменаџирам сите професионални и приватни обврски. Бидејќи немав искуство околу обемот на материјал и задачите.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да сум успешна во она што го работам, да учам од грешките и да се подобрувам со секој нареден проект.

Оваа област за мене значи: Применување на знаењата добиено од Академијата во секојдневната работа.

Во слободно време: Сакам да сум во кругот на семејството и пријателите, да се дружам, како и редовната обврска за шетање на кучето по парковите.

Сакам да читам: Најчесто, трилери и книги на тема психологија.

Сакам да гледам: Серии и документарци – маратонски.

Омилен цитат: “An investment in knowledge pays the best interest.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! 

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!