На Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање, организиравме 48 часовен хакатон со цел да го подобриме искуството на студентите.

Тие имаа можност да работат на реален проект за реален клиент и да ги искористат сите стекнати знаења и вештини од предавањата.

Студентите работеа напорно на овој проект и успешно се справија со предизвиците и роковите, а нивната задача беше да изработат website со online shop кој е лесен за одржување и апдејтирање од страна на клиентот, а возбудлив, корисен и едноставен за користење за клиентите за модниот бренд ZANOV.

Анета, Верица, Стефанија и Даниела се студенти од нашата Академија за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање, кои покажаа одлични перформанси и резултираа со успешно сработен проект.

 

Во продолжение си поразговаравме со тимот за нивниот реален проект и искуството на Хакатонот

 

 

Здраво тим, раскажете ни нешто за себе!

Анета: Јас сум Анета Димоска и моментално работам како Front-End Developer во тимот на Brainster.

Верица: Јас сум Верица Нацкова, дипломиран електро инженер. Себеси се сметам за амбициозна и љубопитна личност, па затоа се одлучив за промена на кариерата. Огромната желба за изучување на нови работи ме мотивираше да се запишам на Академијата за Full-Stack програмирање, постојано да се надградувам себеси и секој ден да станувам се подобар девелопер. 

Стефанија: Личност со желба постојано да се надградува и да учи нови работи, во слободно време сакам да читам и патувам. Ја избрав оваа професија бидејќи сметам дека е еден вид на уметност заснована на логика.

Даниела: Јас сум Даниела Дамјаноска, имам дипломирано на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола, отсек јавна администрација, а воедно имам завршено и магистратура од областа на финансиски и банкарски менаџмент. После долгогодишно работно искуство во областа на финансиитe, одлучив дека е време да направам промена во мојата кариера, и еве ме тука во Brainster, на Академијата за Front-End програмирање.

 

Како си поминавте на овој хакатон?

Поради тоа што ова ни беше втор хакатон, веќе имавме искуство како се одвиваат хакатоните, па до некаде и знаевме што би нѐ очекувало. Меѓутоа, секој проект е различен и бара различен пристап во решавањето, па така и овој пат заедно со менторот Ристе направивме добар план и организација, поделба на задачи, дискутирање за тоа кои би биле потешки делови од проектот и како да им пристапиме. Исто така, клучна беше постојаната комуникација со колегите во тимот и менторите, поддршката која си ја дававме едни на други и секако позитивната атмосфера меѓу нас, која придонесе да имаме исклучително добро решение од кое и самиот клиент беше многу задоволен.

 

Вашата задача беше да изградите Website со Online Shop за модниот бренд ZANOV. Од каде ја црпевте инспирацијата?

Дизајнот за апликацијата кој го имаа изработено UX/UI дизајнерите беше навистина убав и детален, така што нашата цел беше да го направиме сето тоа да функционира. Помислата дека на крај, она што го работиме ќе може да му користи на нашиот клиент, а преку тоа и на неговите клиенти, беше главната мотивација во текот на изработката.

 

Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот?

Барањето од клиенотот беше да се изработи апликација која ќе му помогне за развивање на својот бренд, но и за подобро сервисирање на своите клиенти. Веднаш штом ни беше презентирана идејата и како треба да изгледа, ние тимски и организирано се впуштивме во реализација.

 

 

Кои техники, алатки, методи се употребени за овој проект?

Од страна на Front-End делот, апликацијата ја изработувавме во React.js. Преку соодветна координација со нашиот ментор Ристе, успеавме да ги надминеме сите предизвици со кои се соочивме.

 

Како успеавте да се соочите со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креирате едно функционално решение?

Како со секоја работа или задача на којашто работиме секојдневно, така и на овој хакатон имаше предизвици со кои се соочивме, меѓутоа сметам дека кога се работи тимски и посветено целите секогаш ќе бидат постигнати.

 

Какво беше чувството да се работи на еден ваков забавен и интересен проект? 

Како личности кои се секогаш подготвени за нови предизвици, настаните како овој хакатон навистина нѐ исполнуваат и ни потврдуваат дека го направивме вистинскиот избор за програмирањето како идна професија. Едно одлично искуство бидејќи ја доловува вистинската приказна за работење во една IT компанија.

Со оглед на тоа што проектот беше од областа на модата, можеме да кажаме дека беше особено интересен. Работата на вакви проекти е секогаш корисна затоа што служи како вовед кон реалниот IT свет и ни овозможува да искусиме што значи да се работи во реална средина.

 

И за крај, што би ни кажале за работата на реални проекти со реални клиенти и можноста за искористување на теоријата во пракса? 

Со работата на реален проект имавме шанса да споделуваме знаење, искуство и да го дадеме најдоброто од себе, а воедно да видиме како изгледа работата во реален свет. Со учество на хакатонот научивме многу нови работи, а кога работиме со професионалци како што се менторите на Brainster, секогаш имаме помош и поддршка, посебно менторот Ристе кој секогаш беше тука да ни помогне.

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Full Stack програмирање и Академијата за Front-end програмирање.

На Академијата за Full Stack програмирање и Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!