8 работи кои ги научивме од предавањето за Project менаџмент со Олга

Дали си човек кој сака да соработува со други луѓе, да ги усоврши своите лидерски вештини и константно да испорачува вредност на компанијата заедно со својот тим?  

Доколку одговорот на овие прашања е „ДА” тогаш Project & Product Management е вистинскиот кариерен пат за тебе.

Дознај како да започнеш кариера како Project или Product менаџер од Олга Пујаз Петрушевска – дипломиран машински инженер со 10 годишно работно искуство во областа на Project Management, а воедно и инструктор на нашата Академија за Project & Product Management.

 

Во продолжение, најважните работи кои ги научивме на предавањето:

 

1. Што е проект?

Проектите се насекаде околу нас. Проект е привремен зафат со цел креирање на уникатен производ или услуга. Привремен зафат бидејќи секој проект има свој почетен и краен датум.

 

2. Што е всушност проектен менаџмент?

Проектен менаџмент е примена на знаења, вештини, алатки и техники во проектните активности со цел исполнување на барањата во проектот. Проектниот менаџмент им овозможува на организациите да ги реализираат проектите ефикасно и ефективно. 

 

3. Која е улогата на еден проектен менаџер?

Во секој проект постојат точно дефинирани улоги. Постојат 4 главни групи: проектен менаџер, проектен спонзор, проектен тим и стејкхолдери. Проект менаџерот е главниот виновник за реализирање на проекти и ја има најважната улога во проектот, како и директна одговорност. Неговите одговорности се: применување на научени лекции од претходни проекти, дефинирање на улогите и одговорностите на проектот, водење и следење на проектните активности, имплементирање на најдобрите практики за управување со проекти, управување со приоритетите, репортирање на статусот на проектот, спроведување ефективна контрола на промените.

 

4. Зошто кариера во областа на проектен менаџмент?

Постојат повеќе причини за градење на кариера во оваа област. Ова е професија која е разновидна бидејќи секој проект е различен, има можност за работа во тим, се решаваат проблеми кои влијаат на организацијата, се воведуваат нови работи во бизнисот, можност за запознавање на нови луѓе, атрактивност на пазарот на труд, како и можност за remote работење, но и солидна заработка.

 

5. Каква е побарувачката на пазарот за проектен менаџер?

Проект менаџмент вештините се вредни без разлика на годините и се еднакво апликативни за сите луѓе, без разлика на какви типови на проекти работат. Знаењето и вештините со текот на годините се надградуваат и никогаш не можат да се изгубат. Според Project Management Institute до 2030-та година ќе бидат потребни нови 25 милиони позиции.

 

6. Кои вештини треба да ги поседуваш за да бидеш добар проектен менаџер?

Има три сета на вештини поврзани со: Технички проектен менаџмент, Стратегиски и бизнис менаџмент, како и лидерски вештини. Проект менаџмент вештините се дефинираат како вештини потребни за ефективно имплементирање на проект менаџмент знаењето со цел да се испорачаат резултатите од проектот. Дел од нив се:

  • Фокусирање на критичните проект менаџмент елементи;
  • Комбинирање на традиционални и агилни алатки, техники и методи; 
  • Соодветно планирање и приоритизирање;
  • Менаџирање на клучните проектни елементи.

 

7. Како до кариера во оваа област?

  • Преземање проект менаџмент активности во рамки на работното место;
  • Обука во областа на проект менаџмент; 
  • Самостојно учење и усовршување .

 

8. Некој совет за junior проект менаџери?

Не се плашете да преземате одговорности, само така ќе можете да напредувате!

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.