Моето Brainster искуство – Лука Плушкоски

Запознај го Лука Плушкоски – студент на нашата Академија за графички дизајн, кој се одлучи да ги надгради своите знаења и вештини во областа на графичкиот дизајн.
Студент: Лука Плушкоски
Академија: Академија за графички дизајн
Професија: Студент
Од првиот час на Академијата го паметам: Топлиот и пријатен пречек на часот за запознавање.
Се решив да ја искористам оваа есен за да научам: Графички дизајн, поконкретно Illustrator.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Уште од мали нозе се занимавам со уметност, цртање. Се решив да го продолжам тоа дигитално.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Illustrator и лого дизајн.
После предавањата секогаш: Ги разгледувам презентациите на инструкторите, со цел подобро да ги разберам.
Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Натрупаниот календар, односно се плашев дали ќе имам слободно време за максимална посветеност.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Константно да ја градам својата кариера и да напредувам во својот домен.
Оваа област за мене значи: Начин на изразување кој секој го разбира.
Во слободно време: Истражувам за историјата на дизајн и следам трендови на стилови и начини на работа.
Сакам да читам: Психологија, филозофија и физика, надвор од областа на дизајн.
Сакам да гледам: Документарци, видеа и филмови за научни истражувања/трудови.
Омилен цитат: “And those who were seen dancing were thought to be insane by those who couldn’t hear the music.“
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек!Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!