На Академијата за дигитален маркетинг студентите постојано работат на реални проекти за реални клиенти, и на тој начин се стекнуваат со најбараните техники и вештини на 21-от век.

Последниот предизвик со кој тие се соочија беше на модулите Content Marketing & Visual Storytelling, а нивната задача беше да изработат Content Marketing стратегија за клиентот Yes for Less под менторство на нашата инструкторка Ива Дујак.

Yes for Less е платформа која има за цел да им помогне на сите луѓе кои се заинтересирани за поодржлив начин на живот, а воедно и да ги најдат сите потребни информации. Преку платформата, луѓето можат да споделуваат и разменуваат еколошки навики и совети, да откриваат еко-продавници и производи, како и да дознаваат за еколошки настани и акции.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Кристина Ставреска.

 

Во продолжение си поразговаравме со Кристина за нејзиниот реален проект и искуството на Академијата за дигитален маркетинг

 

 

Здраво Кристина! Што ќе ни раскажеш за себе?

Здраво! Студент по маркетинг, кој реши да го надгради своето знаење преку практична работа на Академијата за дигитален маркетинг. И тоа што го пишувам сега ова, значи дека сум на добар пат. 

Ја сакам пролетта. Обожавам панди. Вежбам јога. Наоѓам мали работи на кои можам да се радувам во животот. Сакам да читам. Marketing Brew ми е еден од омилените newsletters. Слушам хумористични подкасти додека пешачам. Сама си креирам присети за фотографии. Губам многу време на TikTok. 

 

Ти си еден од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и имаа можност да работат на креативни и интересни проекти. Најпрво, како си поминуваш на Академијата?

Академијата е едно искуство кое ме научи на многу други работи, освен она за кое првично се запишав. Искрено, не очекував дека може да ми промени многу работи од позитивен аспект. Ме научи на дисциплина, на упорност, ми ја разбуди креативноста и желбата да истражувам, да се приклучувам во различни активности и проекти. 

 

Што беше вашата задача? Од каде ја црпевте инспирацијата и како се одвиваше целата соработка?

Нашата задача беше комплетно да изградиме контент маркетинг стратегија за платформата Yes for less. Односно, тоа што девојките веќе го имаа започнато, требаше да се догради, да процвета. Инспирација црпевме од секојдневните активности, од природата, од желбата за подобра животна средина и за нас и за идните генерации. Предизвик е да ја поткренеш свесноста, но изненадена сум од прогресот кој го имаме меѓу помладата генерација, Gen Z. Соработката беше одлична, девојките точно знаеа што сакаат да изградат, како сакаат да изгледа, која е нивната мотивација, за ние потоа тоа да го изреализираме. 

 

Што би ни раскажала за атмосферата и чувството да се работи на еден ваков проект? 

Проектов беше од големо значење за мене и со задоволство го работев затоа што и самата се обидувам да живеам по sustainable последниве неколку години. Истражувањето ми беше толку возбудливо затоа што го правев за работи кои и мене приватно ме засегаат. Почувствував како е да се работи нешто што навистина го сакаш. Инспирирана сум од нивната идеја и иницијатива. 

 

И за крај, колку си задоволна од целиот овој процес на работа, како и работата на реални проекти со кои оставаш импакт на целото општество?

Бев скептична. Не бев сигурна во самата себе дека ќе ми одберат мене. Имав грижа на совест затоа што многу брзо го сработив проектот, со голема леснотија, со убаво чувство. И мислев дека некаде нешто грешам. Ми беше драго што имам некаков удел, што мојата работа е инспирација за некој. Остануваме во соработка и понатаму. Сакам да бидам дел од едно такво движење, од една таква заедница која сака да направи промени. Задоволство ми претставува што имам импакт кај потесниот круг на луѓе. Да почнеме од тука. Baby steps, и ќе ја шириме заедницата понатаму. 

Реалните проекти нѐ подготвуваат за она што нѐ чека после завршување на Академијата, за реалноста. Нѐ подготвуваат за една малце поинаква средина од онаа на часовите. Реалните проекти имаа најголем удел во мојата одлука да се запишам на Академијата. И можам да кажам дека го пронајдов она по кое дојдов. 

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!