Запознај го Мартин Пецаковски – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање кој со огромна желба реши да научи Front-End програмирање.

По комплетирањето на програмата, Мартин ја започна својата кариера на практикантска позиција како Software Developer во компанијата Pabau.

 

Си поразговаравме за неговото искуство и новото работно место

 
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за Front-End програмирање те познаваме, но што би споделил за останатите?

Ви благодарам на честитките! Јас сум Мартин, личност која имаше желба да работи како Front-End програмер во област каде се нудат можности за постојан развој.

 

Зошто баш Front-End програмирање?

Кога размислував која академија да ја одберам, дојдов до заклучок дека Академијата за Front-End програмирање на Brainster најопширно ги опфаќаше модулите кои бев заинтересиран да ги учам. Со помош на тимот на Brainster и со многу учење успеав да си го проширам своето знаење.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Front-End програмирање. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Покрај тоа што стекнав многу знаење преку Академијата, исто така стекнав и дисциплина преку бројните проекти кои ги правевме. Менторите секогаш беа љубезни и спремни да помогнат за сѐ што ни требаше, така да јас сум презадоволен од Академијата на Brainster. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Сите модули што ги учевме беа интересни, но најинтересен ми беше модулот за JavaScript бидејќи преку него научив да правам динамични веб страници, и тој беше основата на сѐ што учевме во наредните модули.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за Front-End програмирање започна да ја градиш својата кариера на практикантска позиција како Software Developer во компанијата Pabau. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Најмногу ми помогнаа реалните проекти преку кои можев добро да го извежбам сѐ она што сме го поминале за време на предавањата и работилниците. Со тоа се почувствував спремен за работа, а Pabau ми ја пружи токму таа прилика да ја започнам својата кариера како Software Developer Intern. После две интервјуа, едното со HR, а второто technical, ми понудија internship.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад програмер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

На internship позицијата од мене се очекува да ги завршувам задачите кои ми се зададени, меѓутоа во целиот тој процес не сум оставен сам на себе и имам одлични тим и тим лидер на кои можам да им се обратам за помош кога и да ми е потребно.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Front-End програмирање?

Би ги охрабрил сите оние кои се мислат да направат кариерна промена во оваа сфера да го направат тоа, бидејќи Академијата нуди одлична програма, не е потребно предзнаење, и е доста прилагодена секој да може успешно да го совлада материјалот што се изучува, како и барањата.

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Front-end програмирање.

На Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!