Моето Brainster искуство – Тинка Џинева

Запознај ја Тинка Џинева – студент на Академијата за дигитален маркетинг, која сака постојано да учи нови работи и креативно да се изразува.
Студент: Тинка Џинева
Академија: Академија за дигитален маркетинг
Професија: Социјален работник
Од првиот час на Академијата ја паметам: Прекрасната енергија на предавачите и нивниот опуштен и пријателски однос со нас.
Се решив да ја искористам есенва продуктивно и да научам: Што е можно повеќе за дигиталниот маркетинг и трендовите во оваа област.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Пред сѐ, е многу интересна, тренди. Исто така, можеш креативно да се изразуваш, да ги преточиш твоите идеи во прекрасна реклама за промоција или продажба на некој бренд или производ.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Да навлезам подлабоко во суштината на оваа професија.
После предавањата секогаш: Го преслушувам предавањето, си правам концепт за најважните работи кои сме ги поминале, и истражувам за истите.
Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Моментот со менаџирање на времето, но со добра организација, вистинска желба и упорност, како и дисциплина се постигнува сѐ што сакаме.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да станам лидер во дигиталниот свет и да имам успешна кариера во оваа област.
Оваа област за мене значи: Излез од комфорната зона, креативно изразување и можност за напредок во дигиталната сфера.
Во слободно време: Уживам во убавините на природата. Го избегнувам градскиот метеж. Вежбам пилатес и пијам пиво. 😛
Сакам да читам: Инспиративни книги, книги за емоционален раст и развој, но и романи.
Сакам да гледам: Game of Thrones, House of the Dragon, Vikings, Valhalla…
Омилен цитат: “Get it done, even if it hurts.”
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!